Втора лигаФудбал

ФОТО: Детонит Плачковица подобар на пријателската со Беласица во Радовиш

Сподели
Сподели

Детонит Плачковица славеше со 2:0 против Беласица во денешниот пријателски натпревар одигран на Градскиот стадион во Радовиш.

Контролниот натпревар беше искористен за време на репрезентативната пауза, со цел двете екипи да го одржат натпреварувачкиот ритам, но и да ја проверат формата пред продолжението на сезоната во Втората македонска фудбалска лига.

Радовишани го решија натпреварот во своја корист со головите на Стефан Бабунски и Филип Димоски, за конечни 2:0.

Бабунски погоди за водство на еден гол на полувреме, а во вториот дел Димоски стави печат на победата со гол за конечни 2:0

По оваа проверка, екипите ги очекува уште една недела подготовки пред враќањето на првенствените обврски. Натпреварите од седмото коло на Втората македонска фудбалска лига се закажани за следниот викенд, на 10 октомври.

Детонит Плачковица ќе има домашен предизвик против Кожуф, со кој ќе се обиде да стави крај на серијата од три последователни првенствени порази и да се врати на победничките патеки.

Беласица, пак, по серијата од четири нерешени натпревари, ќе бара триумф во дербито на колото против Пелистер.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Атанасов пред Шкотска: Атмосферата меѓу нас е одлична и се надеваме на позитивен резултат

Македонија вечерва ќе се обиде да стави крај на резултатската криза со триумф над Шкотска, но и да се стави крај на „сушниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Миовски пред Шкотска: Немавме резултати какви што очекувавме, но сега треба да покажеме дека сме тим

Македонија вечерва против Шкотска ќе ја бара првата победа, но и првите бодови во новото издание на Лигата на нации на Националната арена...

Поврзани написи
Втора лигаПрва лигаФудбал

Пријателски меч со шест гола: Брегалница подобра од Пелистер во Могила

Штипска Брегалница забележа победа во пријателскиот натпревар против Пелистер, кој денеска се...

Младински фудбалФудбал

Познати двојките за 1/8 финалето во Купот на Македонија во младинските категории

Со жрепка беа одредени двојките за осминафиналето во Купот на Македонија за...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!