РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски дебитираше со реми, Македонија одигра 1:1 со Црна Гора

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Репрезентациите на Македонија и Црна Гора ремизираа 1:1 во Битола во претпоследниот натпревар од квалификациите за Европското првенство за играчи до 21 година. За новиот селектор Александар Таневски, ова беше официјално деби на клупата на младата репрезентација.

Црна Гора прва се закани во Битола. По грешка во македонската одбрана, Вујовиќ доби простор за удар, но не беше прецизен. Македонија возврати во 10. минута преку Данев, кој проби низ средината, но неговиот удар заврши во блокот.

Во продолжението се играше претпазливо, со многу прекини и грешки на двете страни. Македонија првиот удар во рамките на голот го упати во 40. минута, кога Николовски шутираше од далечина, но Миниќ без поголеми проблеми интервенираше.

Само минута подоцна, Џеков мораше да покаже одлична реакција. Зековиќ упати незгоден удар, но македонскиот голман ја исфрли топката во корнер.

Црна Гора сепак успеа да го отвори резултатот во финишот на првото полувреме. Вујовиќ со одличен потег со пета го проигра Костиќ, кој ја искористи празнината во македонската одбрана и со удар од прва го совлада Џеков за 0:1.

Македонија во второто полувреме излезе со многу поголема енергија и веднаш го притисна противникот. Данев во една добро организирана акција го совлада Миниќ, но пречката спречи брзо израмнување.

Израмнувањето сепак стигна во 58. минута. Тасовски побегна зад последната линија на Црна Гора и беше соборен во шеснаесетникот. Судијата покажа на белата точка, а Љатифи презеде одговорност и сигурно реализираше за 1:1.

До крајот Македонија продолжи да го бара вториот гол. Најдобрата можност за целосен пресврт дојде во самиот финиш, кога нововлезениот Мехмед шутираше со глава од непосредна близина, но не успеа да ја погоди мрежата.

Со поделбата на бодовите, Македонија и Црна Гора освоија по еден бод во Битола. Македонската селекција квалификацискиот циклус ќе го затвори на 5 октомври со гостување против Шведска.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски по ремито со Црна Гора: Во вториот дел видов жар, борба и желба кај сите играчи!

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Александар Таневски, по ремито 1:1 против Црна Гора во Битола, истакна дека не е задоволен од конечниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Аксентиев во 91. минута за реми на Македонија У17 со Луксембург

Македонската репрезентација до 17 години одигра 1:1 против соодветната селекција на Луксембург во вториот контролен натпревар меѓу двете репрезентации, одигран на тренинг-центарот „Пандев“...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски по ремито со Црна Гора: Во вториот дел видов жар, борба и желба кај сите играчи!

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Александар Таневски, по ремито 1:1 против...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Аксентиев во 91. минута за реми на Македонија У17 со Луксембург

Македонската репрезентација до 17 години одигра 1:1 против соодветната селекција на Луксембург...

Останати репрезентацииРепрезентација

Три медали за Македонија на Балканското првенство У15 во Копривница

Македонските млади борачи имаа одличен настап на Балканското првенство за борачи до...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски: Со Црна Гора сакаме да го отвориме новиот период со победа

Младата репрезентација на Македонија до 21 година ја очекуваат двата последни натпревари...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!