РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Аксентиев во 91. минута за реми на Македонија У17 со Луксембург

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската репрезентација до 17 години одигра 1:1 против соодветната селекција на Луксембург во вториот контролен натпревар меѓу двете репрезентации, одигран на тренинг-центарот „Пандев“ во Струмица.

Првото полувреме помина во мирна и израмнета игра, со почетно одмерување на силите и без поголеми возбудувања пред двата гола. На паузата се замина со почетните 0:0.

Во вториот дел ритамот на играта се подигна, а Македонија беше поблиску до погодок. Најголемата можност за нашата селекција ја имаше Марин Крстевски во 80. минута, но не успеа да ја затресе мрежата.

Казната за пропуштената шанса стигна во самиот финиш. Луксембург во 89. минута успеа да поведе со 0:1 и се чинеше дека ќе ја однесе победата.

Сепак, младите „рисови“ не се предадоа и веднаш возвратија. Во 91. минута, по одлично нафрлена топка во шеснаесетникот на Луксембург, Илија Аксентиев беше највисок во скокот и со прецизен удар со глава го постигна израмнувачкиот гол за конечни 1:1.

Селекторот Иљами Исејни на стартот се одлучи за комбиниран состав, со оглед на тоа што шанса добија фудбалерите кои беа на резервната клупа на првиот меѓусебен дуел. Македонија на првиот натпревар славеше убедливо со 4:1, а во вториот дел Исејни им даде минутажа и на останатите репрезентативци.

Двата контролни натпревари против Луксембург беа добра можност за селекторот Исејни да ги провери сите расположливи фудбалери и да им даде шанса на поголем број репрезентативци.

Македонија до 17 години: 12. Димитар Петров, 3. Михајло Павлов, 4. Стефан Стефаноски, 10. Павел Стојанов, 13. Леарт Исеини, 14. Ејсер Фетаи, 17. Огнен Сивевски, 18. Рон Мемеди, 20. Боби Недановски, 23. Благоја Седлоски, 24.  Огнен Јаков;

1. Илан Мемети, 22. Петар Талески, 2. Адриан Велески, 5. Матеја Масев, 6. Амар Акики, 7 Александар Полимац, 8 Дардан Адеми, 11 Марин Крстевски, 15 Илија Аксентиев, 16 Матеј Николов, 19 Далибор Марковиќ, 21 Аулон Куртиши;

Луксембург до 17 години: 12. Фабрис Хилбш, 4. Саша Брушел, 6. Вандир Фигеиредо, 7. Диего Монтеиро, 8. Дилан Рамчиловиќ, 11. Антенори Машадо, 14. Идсон Фигеиредо, 15. Лука Танканен, 16. Диего Милило, 19. Фарел Мехлингер, 20. Харолд Чуечанг;

1. Рин Осарио, 2. Натан Оро, 3. Мак Мемиќ, 5. Хенри Дереса, 9. Адин Такалиќ, 10. Доминико Руџерио, 13. Тино Буџеја, 17. Јан Рибеиро, 18. Џамин Гонсалвеш;

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски по ремито со Црна Гора: Во вториот дел видов жар, борба и желба кај сите играчи!

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Александар Таневски, по ремито 1:1 против Црна Гора во Битола, истакна дека не е задоволен од конечниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Аксентиев во 91. минута за реми на Македонија У17 со Луксембург

Македонската репрезентација до 17 години одигра 1:1 против соодветната селекција на Луксембург во вториот контролен натпревар меѓу двете репрезентации, одигран на тренинг-центарот „Пандев“...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски по ремито со Црна Гора: Во вториот дел видов жар, борба и желба кај сите играчи!

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Александар Таневски, по ремито 1:1 против...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски дебитираше со реми, Македонија одигра 1:1 со Црна Гора

Репрезентациите на Македонија и Црна Гора ремизираа 1:1 во Битола во претпоследниот...

Останати репрезентацииРепрезентација

Три медали за Македонија на Балканското првенство У15 во Копривница

Македонските млади борачи имаа одличен настап на Балканското првенство за борачи до...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски: Со Црна Гора сакаме да го отвориме новиот период со победа

Младата репрезентација на Македонија до 21 година ја очекуваат двата последни натпревари...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!