Кошарка

Тодоровиќ: Подготвени сме, на секој натпревар ќе одиме на победа!

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Шефот на стручниот штаб на Кожув, Миодраг Тодоровиќ, верува дека неговиот тим подготвен го дочекува стартот на новата кошаркарска сезона. Кожув меѓу првите екипи ги започна подготовките, а според Тодоровиќ, времето искористено за работа овозможило тимот да биде подготвен и физички и психички.

„Почнавме меѓу првите екипи со подготовките оваа година, поточно на 19. август, и тоа беше доволно време екипата да се спреми, како физички така и психички, и можам да кажам дека ја дочекуваме на највисоко спремно ниво првата средба во новата сезона“, вели Тодоровиќ.

Тој очекува интересна и изедначена сезона, со оглед на засилувањата кај повеќе екипи во однос на минатата сезона.

„Лигата, според мене, ќе биде многу изедначена. Некои клубови се засилија доста за разлика од лани. Некои можеби и не толку, ама оваа година, ми се чини дека може да биде најинтересно и најнеизвесно. Предноста на мојот тим годинава треба да ја прави физичката подготвеност“, додава тренерот на Кожув.

За Тодоровиќ, секој натпревар носи своја тежина, но победнички старт би бил особено важен за тимот и навивачите.

„Победата е важна во секое коло, не само во првото. Но сепак, премиерното коло си носи своја тежина и важност. За нас ќе биде од огромно значење да извојуваме победа, да испратиме порака до навивачите дека на секој натпревар ќе одиме на победа!“

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Нова европска задача за браќата Илиевски!

Ново европско задолжение за македонскиот судиски тандем Методија и Михајло Илиевски. Браќата Илиевски добија доверба од Европската ракометна федерација и ќе бидат дел...

Останато

Претседателот на Судиската комисија на ЦЕВ доаѓа во Скопје да ги обучува македонските одбојкарски судии

Министерот за спорт Борко Ристовски оствари средба со претседателот на Судиската комисија на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), Артуро Ди Џакомо, кој во сабота...

Поврзани написи
Кошарка

Адем Мекиќ е нов играч на КК Куманово

КК Куманово доби големо засилување за новата сезона, откако постигна договор со...

Кошарка

Зетов: Ќе ја искористиме секоја шанса за повисок пласман

Струмица 2001 подготвена го дочекува стартот на новата сезона во Суперлигата. Тимот...

Кошарка

Манев: Одиме чекор по чекор, сакаме да отвориме со победа!

Новата кошаркарска сезона е пред самиот старт, а Тиквеш Голден Игл подготвен...

Кошарка

Србиновски: Очекувам изедначено првенство, сакаме сезоната да ја отвориме со победа

Новата кошаркарска сезона во Македонија е пред самиот старт, а екипите ги...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!