РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски: Со Црна Гора сакаме да го отвориме новиот период со победа

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Младата репрезентација на Македонија до 21 година ја очекуваат двата последни натпревари против Црна Гора и Шведска од квалификациите за ЕП, а дуелот со Црногорците ќе биде и официјално деби за новиот селектор Александар Таневски.

Таневски очекува тимот да покаже карактер и дисциплина, но и јасна идеја за начинот на кој сака да игра.

„Пред се, против Црна Гора, особено бидејќи тоа ќе биде мојот прв официјален натпревар како селектор на репрезентацијата, сакаме позитивен резултат и победа. Сакам да видам карактер и дисциплина, но и начинот на кој сакаме да играме во иднина“, вели Таневски.

Покрај актуелниот квалификациски циклус, двата натпревари се важни и како дел од подготовките за следниот. Новиот селектор најавува простор за младите фудбалери кои треба да покажат дека можат да одговорат на барањата на репрезентацијата.

„Овие натпревари се важен дел од подготовката за следниот квалификациски циклус. Сакаме да им дадеме простор на играчите кои имаат потенцијал и да видиме кои можат да одговорат на барањата на ова ниво“, истакнува Таневски.

Добар тест за новиот стручен штаб беше и контролниот натпревар против Русија до 21 година, на кој Македонија се покажа во одлично издание. Поголемиот дел од составот го сочинуваа фудбалери од генерациите 2006 и 2007, но шанса добија и шест помлади играчи, еден од генерацијата 2008, четворица од 2009 и еден од 2010 година.

„Натпреварот со Русија ни беше добар тест. Во првото полувреме имавме три одлични шанси, игравме компактно и со добра енергија. Иако го загубивме натпреварот со 3:2, добивме важни одговори и видовме дека имаме фудбалери на кои можеме да сметаме во иднина“, вели Таневски.

Фокусот сега е целосно насочен кон Црна Гора. Македонија сака со добра игра и позитивен резултат да го отвори новиот период под водство на Таневски, но паралелно и да продолжи да создава тим кој ќе биде подготвен за следниот квалификациски циклус.

„Сега фокусот е целосно на Црна Гора. Сакаме со добра игра, карактер и позитивен резултат да го отвориме овој нов период, а паралелно да продолжиме да градиме екипа која ќе биде подготвена за следниот квалификациски циклус.“

Македонија до 21 година утре од 18:00 часот на стадионот “Петар Милошевски” во Битола се соочува со Црна Гора, а на 6. октомври е гостинскиот натпревар против Шведска.

Сподели

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха: Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене

Дмитро Хориха и официјално има право да игра за македонската ракометна репрезентација, тоа беше денес потврдено на прес-конференцијата на Ракометната федерација на Македонија....

Останато

Општина Битола му оддаде признание на младиот боксер Арабел Рустемовски за освоениот бронзен медал на Европското првенство

Младиот боксер Арабел Рустемовски, кој освои бронзен медал на Европското првенство за боксери до 17 години во Будва, Црна Гора, беше примен во...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха од денес е дел од македонската ракометна репрезентација!

Денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија, се одржа прес-конференција на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!