Кошарка

Манев: Одиме чекор по чекор, сакаме да отвориме со победа!

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Новата кошаркарска сезона е пред самиот старт, а Тиквеш Голден Игл подготвен влегува во новиот предизвик. Кавадарчани веќе еден месец се во тренажен процес, а шефот на стручниот штаб Атанас Манев е задоволен од сработеното во подготвителниот период.

Тимот одигра пет пријателски натпревари, во кои резултатот не бил во преден план, туку фокусот бил ставен на воигрувањето и подигнувањето на физичката и тактичката подготвеност пред почетокот на првенството.

„Веќе еден месец сме во тренажен процес и можам да кажам дека сум задоволен од тоа како ги поминавме подготовките. Одигравме пет пријателски натпревари каде што резултатот ни беше во втор план, а имавме за цел да се воиграме и да го дочекаме почетокот на првенството физички и тактички спремни за секој предизвик пред нас“, вели Манев.

Шефот на стручниот штаб на Тиквеш Голден Игл очекува неизвесна сезона, во која повеќе екипи ќе имаат свои амбиции и квалитет за висок пласман. Според него, важна улога ќе имаат домашните кошаркари, заедно со квалитетните странски засилувања.

„Мое мислење е дека ова ќе биде една доста неизвесна сезона. Мислам дека има доста екипи со израмнет квалитет. Домашните играчи ќе имаат зголемена и многу важна улога во секој тим, секако надополнети со квалитетни странци. Сите ќе ја бараат својата шанса за што подобар пласман“, смета Манев.

Тој ја гледа предноста на својот тим во континуитетот и фактот што поголемиот дел од играчите веќе неколку сезони настапуваат заедно.

„Предноста во мојот тим ја гледам во фактот што со поголемиот дел од играчите сме веќе неколку сезони заедно. Добро се познаваме и имаме иста цел, а тоа е да играме брза и допадлива кошарка“, додава Манев.

Тиквеш Голден Игл сезоната ќе ја започне на гостински терен, а и во второто коло кавадарчани ќе играат надвор од својот терен. Манев посакува победнички старт, но истакнува дека тимот мора да оди натпревар по натпревар.

„Ждрепката сакаше во првите две кола да играме на гостински терен. Секако дека посакуваме да отвориме прво коло со победа. Тоа би било дополнителен плус и од психолошки аспект. Но сметам дека оваа сезона секој натпревар, а особено секоја победа ќе е важна, оттука, одиме чекор по чекор“, вели тренерот.

Првиот домашен натпревар Тиквеш Голден Игл ќе го одигра во третото коло, а Манев очекува поддршка од верните навивачи.

„Сигурен сум дека ако прикажеме добра игра и дадеме сè од себе, веќе во третото коло, односно на првиот домашен натпревар ќе нè пречека полна сала, а ние знаеме како да ѝ се оддолжиме на нашата верна публика“, завршува Манев.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гаштаров: Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма

Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Матеј Гаштаров е еден од...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Сакам да видам верба, тактички добро да стоиме и да одиграме добар натпревар против Шкотска

Македонската репрезентација во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Предводникот на нашиот национален тим, Гоце Седлоски, ја...

Поврзани написи
Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската...

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот,...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше...

Кошарка

КФМ бара итна оставка од претседателот на МОК, Даниел Димевски!

Кошаркарската федерација на Македонија побара итна и неотповиклива оставка од претседателот на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!