Европската сезона за Еурофарм Пелистер започнува со домашна задача против шпанскиот претставник Ла Риоха. Битолчани вечерва ќе го имаат првиот предизвик во Лигата на Европа, а пред својата публика ќе се обидат да стартуваат со позитивен резултат.
Дуелот ќе биде одигран во спортската сала „Боро Чурлевски“, каде пелистерци ќе го пречекаат шпанскиот тим во рамки на воведното коло од натпреварувањето.
Лино Червар за премиерниот европски натпревар нема да може да смета на четворица ракометари. Во составот нема да бидат Давид Брестовац, Диего Басанесе, Миха Котар и Малик Татар.
Почетокот на средбата е закажан за 20:45 часот, па Еурофарм Пелистер вечерва ќе ја отвори новата европска приказна пред битолската публика.
