Ракомет

Македонскиот судиски тандем повторно на европската сцена!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Македонските судии повторно ќе бидат дел од најквалитетното европско клупско натпреварување. Димитар Митревски и Благојче Тодоровски добија ново делегирање од Европската ракометна федерација за натпревар од Лигата на шампионите.

Ова за нив ќе биде втор настап како судиски пар во актуелната сезона во елитното натпреварување. Следниот предизвик ќе го имаат во Швајцарија, каде што ќе ја контролираат играта на дуелот меѓу Криенс и норвешкиот Колстад.

Средбата ќе се одигра на 7 октомври во „Пилатус Арена“ во Луцерн, со почеток од 18:45 часот. За делегат на овој натпревар е одреден Бониферт од Унгарија.

Со новото делегирање, Митревски и Тодоровски продолжуваат со своите европски обврски и уште еднаш добиваат доверба да судат натпревар на највисоко клупско ниво.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!