КупФудбал

КУП: Пелистер го елиминираше Вардар на пенали, Саса преку Ана Димитровска го исфрли Скопје, Лана Спасовска со четири гола за Речица

Сподели
Сподели

Осминафиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција донесе убедливи и високи победи, само на да натпревари беше неизвесно, а на еден меч решаваа и пеналите.

Пелистер успеа да обезбеди пласман во следната фаза, откако пеналите се покажаа кобни за Вардар, по регуларните 1:1. По чистите мрежи во првиот дел, во второто полувреме гостинот од Битола преку голот на Мелица Милица Димитриоска го отвори резултатот во 56. минута од средбата, а домашниот тим голот за израмнување го постигна во 81. минута, а беше дело на Елма Шемсовиќ.

Во пенал серијата битолчанки беа подобри со 4:5 и со тоа обезбедија пласман во четвртфиналето, откако ги исфрлија „црвено-црните“ од Купот.

Неизвесно беше во Македонска Каменица каде домаќинот Каменица Саса со 3:2 славеше во дербито со шампионот на Македонија, Скопје за следна фаза од Купот на Македонија.

☕ Поддржи ја Спортска Мрежа со едно кафе и помогни ни да продолжиме со секојдневното следење на македонскиот спорт

Пред самиот крај на првиот дел „рударките“ стигнаа до двојна предност преку двата гола на Јована Петрушовска која во 40. минута го отвори резултатот, а по четири минути постигна и втор гол за 2:0 на полувреме.

Стартот од вториот дел донесе голема борба на теренот, гостинот во 58. минута преку новото засилување Радица Чонева намали на 2:1, а во 70. минута Тамара Атанасовска погоди за 2:2.

Ваквиот резултат ја врати неизвесноста и борбата за трет гол на двете страни, а мечот го реши капитенот Ана Димитровска која во 85. минута погоди за конечни 3:2 и пласман на Саса во следната фаза.



Речица со убедливи 6:0 го исфрли второлигашот Топ Гол, во меч каде одново Лана Спасовска „експлодира“ на теренот со четири гола, а по еден гол постигнаа Вања Ристиќ и Леона Спасовска.

Со резултат од 6:0 прволигашот Истатов славеше над второлигашот Ржаничино за пласман во четвртфиналето. Уна Јосевска и Ања Каранфиловска беа двојни стрелци, а по еден гол постигнаа Ива Здравевска и Ема Нановска.

Љуботен како формален гости на свој терен славеше над второлигашот Билјанини Извори со 0:13 со што тетовскиот тим лесно ја мина првата пречка во Купот на Македонија.

Ива Јованоска беше стрелец на четири гола, по два гола постигнаа Ангелина Јованоска, Елена Симјанова и Улза Максути, а по еден гол постигнаа Анида Нитцх, Михаела Волческа и Џенифер Тисциане Де Матос Гуабираба.



Лесна победа имаше и Ас Јунајтед на домашен терен со 5:0 го доби второлигашот Менада од Тетово. Теодора Далческа беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Ихнида Речи, Веса Села и Александра Симоноска.

Натпреварот меѓу Кочани и Плачковица не се одигра, откако тимот од Радовиш не се појави на теренот по чекање од 30 минути, што значи Кочани службено со 3:0 ќе го добие овој натпревар и ќе обезбедува пласман во следната фаза од Купот на Македонија.

Во четвртфиналето директно се пласираше освојувачот на Купот на Македонија од минатата сезона, екипата на Тиверија Брера од Струмица.

Во четвртфиналето се пласираа Каменица Саса, Истатов, Речица, Пелистер, Ас Јунајтед, Кочани, Љуботен и Тиверија Брера.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Радовиш убедлив против Текстилец преку деветте гола на Васе Петров, Вардар Неготино го „прегази“ Партизан

Шестото коло на Првата ракометна лига донесе убедливи победи, голем број на погодоци, но и промена на табелата. Ланскиот суперлигаш Радовиш забележа убедлива...

Останато

Кристиан Ристески: Ова претставува огромна чест и задоволство, но истовремено и голема одговорност за сите нас

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД денес ќе дебитира во Лигата на шампиони, а прв предизвик ќе биде првакот на Холандија, Орион Старс. Крушевскиот...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Полет со сигурна победа над Вардар Бистренци, Младост и Лозар ги поделија бодовите

Екипата на Полет од Тремник забележа сигурна победа на гостувањето кај Вардар...

ФудбалФутсал

Бутел го „прегази“ Клими, со пет гола Форца го декласираше Јувентус Серава

Бутел однесе убедлива победа над Клими триумфирајќи на домашен терен со 6:0...

Втора лигаПрва лигаФудбал

ФФМ: ВАР-интервенциите беа оправдани, судењето на одлично ниво во ПМФЛ И ВМФЛ

Судискиот одбор при Фудбалската федерација на Македонија изврши анализа на клучните судиски...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Без победник во Подареш, Струмешница убедлива против Слога, Василево со нова победа

Во неделата се одиграа натпреварите од 3. коло на Општинската фудбалска лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!