Прва лигаФудбал

Иван Варадиновски е нов тренер на Скопје, Иван Настевски и Јасмин Мециновиќ помошници

Сподели
Сподели



Прволигашот Скопје има нов шеф на стручниот штаб, откако штипскиот стратег Иван Варадиновски постигна договор со раководството на клубот и ќе го преземе тимот, по оставката на Муарем Муарем, кој продолжи во Башкими.

За Варадиновски ова ќе биде прв тренерски ангажман во Првата македонска фудбалска лига, откако досега стекна искуство во повеќе клубови од домашниот фудбал.

Младиот стратег последно го предводеше Новаци, додека во минатото работеше и со Кожуф, Детонит Плачковица, Каменица Саса и Кит Го од Пехчево. Најголемиот успех во досегашната тренерска кариера го оствари со Детонит Плачковица, со кој стигна до баражот за пласман во Првата лига против Вардар.

Во периодот во кој го предводеше радовишкиот клуб, Варадиновски остави сериозен белег на домашен терен – Детонит Плачковица немаше пораз и не прими гол во Радовиш, што остана запишано како една од највпечатливите серии во поновата историја на клубот.

Помошници на Варадиновски ќе бидат Иван Настевски и Јасмин Мециновиќ, кој ќе работат со него во стручниот штаб.

Во минатото Иван Варадиновски и Иван Настевски како фудбалери го носеа дресот на ФК Скопје, а денес се враќаат во клубот од Автокоманда во нова улога.

Сега пред Варадиновски е нов предизвик и значително поинаква задача. Скопје по осум одиграни кола сè уште нема победа, има три нерешени средби и пет порази, па со три освоени бода се наоѓа на последното, десетто место на табелата.



Првата задача на Варадиновски ќе биде да ја прекине резултатската криза и да го донесе Скопје до првата победа, а крајната цел е обезбедување опстанок во македонската фудбалска елита.

Варадиновски од денес го започнува предизвикот со Скопје, а Спортска Мрежа наскоро  ќе го донесе и првиот разговор со новиот тренер на „пиратите“.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Фудбал

„Како може да се организира општинска лига преку ОФС Охрид, ако ОФС Охрид е суспендиран од ФФМ?“

Серија прашања во врска со организацијата на Општинската фудбалска лига (ОФЛ) Охрид за сезоната 2026/27 упатија спортските работници при ФС Охрид. Тие реагираат...

Прва лигаФудбал

Иван Варадиновски е нов тренер на Скопје, Иван Настевски и Јасмин Мециновиќ помошници

Прволигашот Скопје има нов шеф на стручниот штаб, откако штипскиот стратег Иван Варадиновски постигна договор со раководството на клубот и ќе го преземе...

Поврзани написи
Фудбал

„Како може да се организира општинска лига преку ОФС Охрид, ако ОФС Охрид е суспендиран од ФФМ?“

Серија прашања во врска со организацијата на Општинската фудбалска лига (ОФЛ) Охрид...

Втора лигаФудбал

Љупчо Димовски е нов тренер на второлигашот Еуромилк ГЛ

Второлигашот Еуромилк ГЛ го претстави Љупчо Димовски како нов тренер, кој доаѓа...

КупФудбал

КУП: Пелистер го елиминираше Вардар на пенали, Саса преку Ана Димитровска го исфрли Скопје, Лана Спасовска со четири гола за Речица

Осминафиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција донесе убедливи и високи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!