Втора лигаФудбал

Љупчо Димовски е нов тренер на второлигашот Еуромилк ГЛ

Сподели
Сподели

Второлигашот Еуромилк ГЛ го претстави Љупчо Димовски како нов тренер, кој доаѓа на местото на Јован Трајков, кој поднесе оставка пред шестото коло.

Димовски има големо тренерско искуство, во минатото ги водеше Вардар, Металург, Балкан, Скопје, Кожуф, Тетекс и Хоризонт Турново, а меѓународна кариера градеше во Грција, каде беше дел од Касторија, Јанина, Кавала, Пиерикос и Трикала.

Како голман, Димовски настапувал за повеќе реномирани македонски клубови, меѓу кои Вардар, Металург, Тетекс, Победа, Беласица и Работнички.

„Веруваме дека неговото огромно искуство, знаење и професионален однос ќе донесат дополнителен квалитет во работата на екипата и ќе бидат голем придонес за ФК Еуромилк ГЛ во продолжението од сезоната. Му посакуваме многу успех, добри резултати и добредојде во Еуромилк! Заедно продолжуваме храбро кон новите предизвици! Воедно, упатуваме голема благодарност до досегашниот шеф на стручниот штаб Јован Трајков за досегашната работа, посветеност и придонес во развојот на клубот. Му посакуваме многу успех во понатамошната кариера“, веат од ФК Еуромилк ГЛ.

По шест кола популарните „лисици“ кои по долги години се вратија во Втора лига имаат една победа, едно реми и четири порази и со четири бодови се наоѓаат во опасната зона односно на 12. место.

☕ Поддржи ја Спортска Мрежа со едно кафе и помогни ни да продолжиме со секојдневното следење на македонскиот спорт

Димовски своето деби на клупата на Еуромилк ГЛ ќе го има во рамките на 7. коло, кога „лисиците“ ќе гостуваат во Кочани кај Осогово.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!