Прволигашот Арсими обезбеди пласман во осминафиналето од Купот на Македонија откако славеше над третолигашот Могила со неверојатни 0:12.
Повеќе од јасна беше разлика во квалитет и прашање беше само со која разлика тимот од Чегране ќе се пласира во следната фаза од националниот Куп.
На полувреме прволигашот имаше четири гола предност, а во второто полувреме продолжи да ја полни мрежата на инфериорниот противник.
Хет-трик забележа Лорик Каба Јакупи, двоен стрелец беше Ебрима Гаје, а по еден гол постигнаа Фатјон Јусуфи, Арџент Гафури, Башким Велија, Салваторе Рибаудо, Бленди Селмани, Суби Мустафа и Шабан Мемети.
Остануваат уште два меча од првата фаза на Купот за да бидат познати сите осминафиналисти. На 6 октомври Крошу Спорт ќе игра со Тиквеш, а на 14 октомври Вардар Неготино против Работнички.