Ракомет

Драма до последна секунда: Прилеп и Тиквеш ги поделија бодовите

Сподели
ФОТО: РК Прилеп
Сподели

Прилеп и Тиквеш одиграа без победник во последниот натпревар од третото коло во Супер машката лига, откако средбата заврши 28-28.

Кавадарчани имаа предност во завршницата и на минута и пол до крајот водеа со 28-26, но домашниот состав не се предаде. Прилеп прво намали преку Тренчевски, а потоа Кастратовиќ го постави конечниот резултат и му донесе бод на својот тим.

ФОТО: РК Прилеп

Најефикасен кај Прилеп беше Андреј Стојановски со десет гола, додека Шипинкоски постигна шест. Во составот на Тиквеш, Ончев и Бен Махфуд реализираа по пет пати, а Солев натпреварот го заврши со десет одбрани.

Со овој епилог двете екипи мораа да се задоволат со поделба на бодовите по возбудливата завршница во Прилеп.

ФОТО: РК Прилеп

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Илами Исејни го објави списокот на македонската репрезентацијата до 17 години

Селекторот на националниот тим до 17 години, Илами Исејни го објави списокот на фудбалери кои ќе бидат во конкуренција за настап на контролните...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Костадинов: Мора да го дадеме максимумот на секој натпревар и мислам дека ќе се покажеме во добро светло

Македонската репрезентација го отвора циклусот во Лига Б со натпревар против Швајцарија на 26 септември во Скопје. По премиерата на домашен терен, избраниците...

Поврзани написи
Ракомет

Андоновски: Супер лигата годинава е со најголем квалитет, секој освоен бод ќе биде вреден како суво злато

По три одиграни кола во ракометната Суперлига, Младост Богданци има едно реми...

Ракомет

Вардар фуриозно до втора регионална победа, Будванска Ривиера немоќна во Скопје!

Вардар 1961 стигна до втората победа во Регионалната ракометна лига, откако на...

Ракомет

Прв женски ракометен форум во Охрид: Пет големи имиња на европскиот ракомет на едно место

Охрид во септември ќе биде во центарот на женскиот ракомет во регионот....

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!