Ракомет

Гогов: Покажавме дека можеме да се носиме со секој противник – со полната сала се надеваме на добар резултат против Алкалоид

Сподели
Сподели



Пред Младост Богданци е нов предизвик во ракометната Суперлига. Во рамките на четвртото коло, тимот на домашен терен ќе го пречека Алкалоид во салата „Млаз“, каде повторно се очекува голема поддршка од трибините.

Младост во првите три кола од враќањето во елитата покажа дека може да биде конкурентен и против поискусни суперлигашки состави. Богданчани ремизираа на гостувањето кај Бутел, несреќно загубија од Прилеп и одиграа борбен натпревар против актуелниот шампион Вардар.

Еден од младите ракометари кои ја добиваат својата шанса во најсилната конкуренција е Стамен Гогов, кој истакнува дека адаптацијата на Суперлигата е процес, но досегашните натпревари му даваат причина за оптимизам.

„Искрено, задоволен сум и од себе и од целата екипа. Дел од нас поединци за првпат играме во Супер лига, па нормално е да ни треба време за адаптација. Сепак, покажавме дека можеме да се носиме со секој противник. За Прилеп жалиме што ја испуштивме победата, но немаме простор за враќање назад ,гледаме напред, учиме од грешките и продолжуваме уште посилно“, рече Гогов за Спортска Мрежа.

Младиот ракометар го најави и дуелот со Алкалоид, кој за Младост ќе биде нова можност за докажување во елитата. Гогов посебно ја истакнува атмосферата во тимот, но и значењето на поддршката од домашната публика.

„Натпреварот со Алкалоид ќе биде голем предизвик, но и мотивација за нас. Како млад играч, ваквите натпревари ми значат многу бидејќи стекнуваме искуство и имаме можност да се докажеме. На тренинзите даваме максимум, хемијата во екипата е на високо ниво и со поддршката од полната сала „Млаз“ се надеваме на добар резултат“, дополнува Гогов.

Младост и Алкалоид ќе се сретнат во сабота од 18:30 часот во салата „Млаз“ во Богданци. По одличната атмосфера на претходните домашни натпревари, се очекува трибините повторно да бидат исполнети до последното место, а Младост со поддршка од своите навивачи да бара нов позитивен резултат во Суперлигата.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло на Младинската суперлига. Флори Илази промаши пенал во 9. минута, но...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Поврзани написи
Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

РакометРакометна репрезентација

ФОТО: Сè е подготвено за Луксембург – Македонија го одработи последниот тренинг!

Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус...

Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!