Ракомет

Андоновски: Супер лигата годинава е со најголем квалитет, секој освоен бод ќе биде вреден како суво злато

Сподели
Сподели



По три одиграни кола во ракометната Суперлига, Младост Богданци има едно реми и два порази во своето враќање меѓу најдобрите. Тимот предводен од охридскиот стратег Горан Андоновски сезоната ја започна со реми на гостувањето кај Бутел, по што следуваше несреќниот домашен пораз од Прилеп, иако Младост во второто полувреме имаше предност од седум гола. Во третото коло следуваше дуел со шампионот Вардар, на кој богданчани се надигруваа во рамките на своите можности.

Пред Младост е нов голем предизвик. Во рамките на четвртото коло, во сабота во салата „Млаз“ во Богданци гостува Алкалоид. Атмосферата во домашната сала е една од најголемите сили на тимот – трибината е исполнета до последното место, а публиката со аплауз ја наградува секоја добра акција, гол и создадена шанса.

Андоновски минатата сезона успеа да го врати Младост во Суперлигата. Богданчани играа бараж за пласман во елитата, откако претходно имаа само еден пораз во текот на сезоната.

Во разговор за Спортска Мрежа, искусниот стратег направи пресек на стартот од сезоната, посочувајќи дека Младост досега оставил позитивен впечаток во најсилното македонско ракометно натпреварување. Андоновски смета дека Вардар, Еурофарм Пелистер, Охрид и Алкалоид имаат значително поголеми буџети и квалитет, а токму нивните меѓусебни дуели ќе бидат клучни во борбата за трофеите.

„Младост после долги години и после многу тешка прволигашка сезона преку бараж се избори за влез во Супер лигата, каде припаѓа според реномето и според прикажаното во првите три кола. Во Супер лигата првите четири екипи се далеку поквалитетни и со драстично поголеми буџети, зборувам за Вардар, Еурофарм Пелистер, Охрид и Алкалоид и не верувам дека ќе бидат поразени од останатите осум учесници во Супер лигата и меѓусебните нивни натпревари ќе одлучуваат за распределбата на трофеите. Во првите три меча повеќе од достоинствено го претставуваме Младост во Супер лигата каде имаме едно реми на гостински терен во Бутел, повеќе од несреќен и незаслужен пораз од Прилеп, каде само со нашето неискуство и психолошка блокада загубивме со гол во последната секунда и еден натпревар со шампионот Вардар на кој се надигрувавме во рамките на нашите можност“, раскажува Андоновски за Спортска Мрежа.

Целта на Младост за оваа сезона е јасно поставена – опстанок во Суперлигата. Андоновски очекува тешка и исцрпувачка борба, во која секој освоен бод може да биде од огромно значење.



„Целта на Младост во оваа сезона е опстанок во Супер лигата. Борбата ќе биде тешка и исцрпувачка и опстанокот можеби ќе се одлучува заклучно со мај следната година и секој освоен бод во текот на сезоната ќе биде значаен и вреден како суво злато. Младост во никој случај не е фаворит против ниту еден тим во Супер лигата, но од друга страна и сите останати екипи не можат да сметаат на бодови со Младост предвреме и да не сметаат за аутсајдер“, вели стратегот на Младост.

Охриѓанецот говореше и за составот со кој Младост ќе се обиде да ја оствари целта. Тимот е комбинација од поискусни суперлигашки ракометари и млади играчи кои ја добиваат својата прва посериозна минутажа во елитната конкуренција.

„Составот на Младост е комбинација на неколку искусни суперлигашки играчи, Илиќ, Бојаниќ, Андоновски, Јанкоски… и млади играчи од школата на младост кои првпат играат Супер лига и првоат добиваат поозбилна минутажа, Ѓуруќ, Каркашалев, Младеновски, Гогов, Атанасов… За тоа како се работи во Богданци доволно зборува аплаузот кој го доби екипата после натпреварот со Вардар. Во Богданци од симпатизерите кои разбираат што е ракомет продолжуваме да работиме максимално и фокусирано како и досега и се надевам дека ќе избориме опстанок на крајот од сезоната, бидејќи Супер лигата годинава е со најголем квалитет од формирањето и не постои екипа со која предвреме ќе се освојуваат бодови.“

Следен предизвик за Младост е Алкалоид, екипа која во Богданци ќе гостува во сабота од 18:30 часот во салата „Млаз“.

Домашната публика повторно ќе биде важен фактор за Младост, кој по трите почетни кола покажа дека и покрај фактот што е повратник во елитата, нема да се откаже од борбата за секој бод.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера ја „прегази“ Санта Колома како на тренинг во Струмица, Шириќ со хет-трик

Македонскиот младински шампион Брера Струмица со убедливи 8:0 го совлада тимот на Санта Колома во меч на тотална доминација за следна фаза од...

Ракомет

Ќосевски пред Мулти Есенс: „Нè очекува млада и борбена екипа, но нашата цел е јасна“

По значајната победа во дербито со Алкалоид на домашен терен, ракометарите на ГРК Охрид ги очекува нов предизвик во Супер лигата. Во рамките...

Поврзани написи
Ракомет

Ќосевски пред Мулти Есенс: „Нè очекува млада и борбена екипа, но нашата цел е јасна“

По значајната победа во дербито со Алкалоид на домашен терен, ракометарите на...

Ракомет

Ексклузивно за Спортска Мрежа: Моралес пред реваншот со Вардар: „Мораме да се бориме за секоја топка!“

Екипата на Висла Плоцк ја очекува реваншот со Вардар во четвртото коло...

Ракомет

Еурофарм Пелистер немоќен во Германија: Гумерсбах го казни падот на битолчани

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да стигнат до позитивен резултат на...

Ракомет

Литвански арбитри ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Висла и Вардар!

Вардар го очекува нов европски предизвик на гостински терен, а за регуларноста...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!