Прва лигаФудбал

Брегалница се врати на победите: Глигоров погоди за 1:0 против Скопје

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели

Брегалница се врати на победнички патеки со минимален триумф од 1:0 против Скопје во натпреварот со кој беше комплетирано осмото коло во Првата македонска фудбалска лига.

Штипјани на домашен терен стигнаа до трите бода со погодокот на Иван Глигоров во 72. минута. Напаѓачот ја затресе мрежата по асистенцијата на Методи Максимов, што се покажа како единствениот, но доволен гол за Брегалница да ја запише победата.

Со освоените три бода, Брегалница направи скок на шестото место на табелата со 10 бодови, додека Скопје останува на последната позиција со само три освоени бодови по осум одиграни кола.

Со овој дуел официјално е комплетирана осмата рунда од шампионатот. Следува репрезентативната пауза, по која прволигашката конкуренција ќе продолжи со натпреварите од деветтото коло.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Гогов: Покажавме дека можеме да се носиме со секој противник – со полната сала се надеваме на добар резултат против Алкалоид

Пред Младост Богданци е нов предизвик во ракометната Суперлига. Во рамките на четвртото коло, тимот на домашен терен ќе го пречека Алкалоид во...

Ракомет

Драма до последна секунда: Прилеп и Тиквеш ги поделија бодовите

Прилеп и Тиквеш одиграа без победник во последниот натпревар од третото коло во Супер машката лига, откако средбата заврши 28-28. Кавадарчани имаа предност...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Сите погледи кон Радовиш, „рибарите“ во битка за лидерската позиција во Втора лига

Сите погледи утре ќе бидат насочени кон Радовиш и Тетово, каде што...

Прва лигаФудбал

Скопје е подготен за вечерашното соочување со Брегалница и се надева на позитивен резултат во Штип

Во последниот натпревар од осмото коло во Првата фудбалска лига, тимот на...

Прва лигаФудбал

Куп: Третолигашот Могила против фаворитот Арсими, Ненад Тодоровски ќе дели правда

Утре ќе биде одигран натпреварот од 1/16 финале од Купот на Македонија...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!