Втора лигаФудбал

Сите погледи кон Радовиш, „рибарите“ во битка за лидерската позиција во Втора лига

Сподели
Сподели



Сите погледи утре ќе бидат насочени кон Радовиш и Тетово, каде што ќе се одиграат двата одложени натпревари од четвртото коло во Втората македонска фудбалска лига. Во центарот на вниманието е борбата за врвот на табелата, бидејќи резултатите од овие дуели можат да донесат промена на лидерската позиција.

Најголем интерес предизвикува гостувањето на Охрид кај Детонит Плачковица. „Рибарите“ во овој момент се во можност со победа да стигнат до првото место на табелата. Три бода во Радовиш би значеле преземање на лидерската позиција од Пелистер, додека секој друг резултат би му овозможил на битолскиот состав да остане на врвот.

За Детонит Плачковица, пак, ова е можност за прекин на негативната серија. Радовишани во претходните две гостувања претрпеа порази од Новаци и Камјани, па пред својата публика ќе бараат резултат со кој би се вратиле на победничкиот колосек.

Интересно ќе биде и во Тетово, каде што Тетекс ќе го пречека Работнички. „Романтичарите“ исто така имаат шанса да се вмешаат во трката за лидерската позиција. Победа против „штофарите“ би била значаен чекор, особено ако се има предвид дека на Работнички потоа му останува и одложениот домашен натпревар против Брера Струмица.

Доколку Работнички успее да ги освои бодовите и во Тетово, а потоа слави и против Брера во заостанатиот дуел, скопскиот тим би се вклучил во сериозна борба за самиот врв на второлигашката табела.



Токму поради тоа, утрешните натпревари се од големо значење и за Пелистер, кој внимателно ќе ги следи случувањата во Радовиш и Тетово. Битолчани имаат интерес резултатите да им одат во прилог и да ја задржат лидерската позиција по комплетирањето на заостанатите средби.

Со утрешните два натпревари ќе се комплетира четвртото коло, додека потоа ќе остане уште дуелот Работнички – Брера Струмица, со кој ќе биде комплетирано и петтото коло.

Откако ќе се одиграат и овие заостанати натпревари, по шест одиграни кола конечно ќе добиеме комплетна и пореална слика за распоредот на силите и борбата за лидерската позиција во Втората македонска фудбалска лига.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Брегалница се врати на победите: Глигоров погоди за 1:0 против Скопје

Брегалница се врати на победнички патеки со минимален триумф од 1:0 против Скопје во натпреварот со кој беше комплетирано осмото коло во Првата...

Ракомет

Вардар фуриозно до втора регионална победа, Будванска Ривиера немоќна во Скопје!

Вардар 1961 стигна до втората победа во Регионалната ракометна лига, откако на убедлив начин ја совлада Будванска Ривиера со 44-27. „Црвено-црните“ уште од...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Брегалница се врати на победите: Глигоров погоди за 1:0 против Скопје

Брегалница се врати на победнички патеки со минимален триумф од 1:0 против...

Прва лигаФудбал

Скопје е подготен за вечерашното соочување со Брегалница и се надева на позитивен резултат во Штип

Во последниот натпревар од осмото коло во Првата фудбалска лига, тимот на...

Прва лигаФудбал

Куп: Третолигашот Могила против фаворитот Арсими, Ненад Тодоровски ќе дели правда

Утре ќе биде одигран натпреварот од 1/16 финале од Купот на Македонија...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!