Прва лигаФудбал

Јашар пред дуелот со „пиратите“: Ќе дадеме се од себе на крајот да се радува градот Штип и нашите навивачи

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели

Брегалница и Скопје денеска во Штип го затвораат осмото коло од Првата македонска фудбалска лига. Штипјани сезонава на свој терен почнаа со две победи, а потоа загубија од Шкендија Арачиново со минимални 1:0, и сега се надеваат дека повторно ќе се вратат на победничките патеки на свој терен.

Штипскиот тим исто така посакува да ја прекине низата од три натпревари без триумф во ПМФЛ, и да ја израдува домашната публика на денешниот меч против Скопје

„Важен натпревар за нас и за нашата публика, нашите навивачи. После овој меч има одмор каде што ќе можеме добро да се подготвиме за остатокот од сезоната. Но, сега сме максимално фокусирани кон дуелот со Скопје. Скопје е клуб кој треба да се почитува. Нема лесен противник во Првата лига, тоа го видовме во овие седум досегашни натпревари. Сите екипи заслужуваат респект. Ние влегуваме фокусирани 100 проценти, и ќе дадеме се од себе на крајот да се радува градот Штип и нашите навивачи“, рече Амир Јашар, голманот на Брегалница.

Дуелот Брегалница – Скопје се игра денеска на Градскиот стадион во Штип со почеток во 18:00 часот.

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус од Лигата на нации, откако во Луцерн загуби од Швајцарија со...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига, откако на гостувањето кај Вибжеже Гдањск одигра 31-31 во натпревар со...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

(ФОТО) Кои екипи имаат максимален ефект во Третата лига, а кои разочараа по четири кола?

По четири одиграни кола во шестте региони на Третата македонска фудбалска лига,...

ФудбалФутсал

Шампионот со ново засилување: Проект го претстави Александар Черкезов

Македонскиот футсал шампион Проект го промовираше Александар Черкезов како ново засилување за...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски со голема победа: Таџикистан ја совлада Кина

Игор Ангеловски запиша значаен триумф како селектор на Таџикистан, откако неговата репрезентација...

КупФудбал

КУП: Тиквеш со 13 гола го доби третолигашот Крошу Спорт како на тренинг меч

Тиквеш воопшто не се испоти за да се пласира во осминафиналето од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!