Останато

Ѓорческа испушти водство и загуби од Зајцева во три сета на турнирот во Анкара

Сподели
ФОТО: Тениска федерација на Македонија
Сподели

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на ВТА 125 турнирот во Анкара, откако во три сета беше поразена од Ксенија Зајцева со 1-2 (7:5, 3:6, 4:6). Мечот траеше два часа и осум минути.

Турнирот во Анкара се игра за награден фонд од 115.000 американски долари.

Ѓорческа одлично го започна мечот и го освои првиот сет со 7:5. Македонката направи брејк за предност од 4:2, но Зајцева веднаш возврати и го врати загубениот сервис. Сепак, Ѓорческа во 12. гем повторно направи брејк и го освои сетот.

Во вториот сет, по загубениот гем на свој сервис на стартот, Ѓорческа успеа да се врати и да израмни на 3:3. Сепак, Зајцева потоа освои три гема во низа и го израмни резултатот во сетови.

Украинската тенисерка подобро го започна решавачкиот сет и поведе со 3:0, но Ѓорческа не се предаде и со три последователни гема стигна до 3:3. Зајцева потоа повторно поведе со 4:3, а до крајот на мечот следуваше серија од четири гема во кои двете тенисерки си правеа брејк. Последниот го освои Зајцева, со што го комплетираше пресвртот и обезбеди пласман во следното коло.

Ѓорческа од настапот во Анкара освои еден ВТА поен.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид го дозна европскиот ривал: Келаг Ферлах е првата пречка кон нов европски поход!

Алкалоид го дозна својот противник во второто коло од ЕХФ Европскиот куп. На денешната ждрепка во Виена, македонскиот претставник за ривал го доби...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Чурлинов го пропушта репрезентативниот циклус поради административен проблем во Полска

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов нема да биде во можност да настапи за македонската репрезентација на натпреварите против Швајцарија, Словенија и Шкотска во рамки...

Поврзани написи
Останато

ЦЕВ ги потврди термините: Штип УГД на 21 октомври го има дебито во Лигата на шампионите!

Македонскиот претставник Штип УГД на 21 октомври ќе го има своето деби...

Останато

„Чајка“ слави 50 години – Меморијалот прераснува во Суперкуп на Македонија!

Еден од најстарите и најконтинуираните спортски настани во Македонија, но и еден...

Останато

Бузалковски со два подиуми во Словачка – Со поддршка од министерот за спорт Борко Ристовски по европската вицешампионска титула!

Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски продолжува со одличните настапи во ФИМ Европскиот шампионат,...

Останато

Табата го запре Ивановски на стартот на турнирот на Златибор

Дејвис куп репрезентативецот на Македонија, Калин Ивановски, по пауза од два месеца...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!