Втора лигаФудбал

Четврток за промени во Втора лига: Охрид и Работнички атакуваат на врвот, Детонит и Тетекс ќе бараат позитивен резултат

Сподели
Сподели



Во четврток Втората македонска фудбалска лига може да добие нов лидер, но истовремено одложените натпревари од второто коло може дополнително да ја усложнат ситуацијата за неколку екипи.

На програмата се два натпревари – Детонит Плачковица – Охрид во Радовиш и Тетекс – Работнички во Тетово. Двата дуели носат голема тежина, како за врвот на табелата, така и за екипите кои сакаат да го прекинат негативниот резултатски период.

На Градскиот стадион во Радовиш, Детонит Плачковица го пречекува Охрид во натпревар од големо значење за двата тима. Радовишани влегуваат во дуелот по два последователни порази – од Новаци со 3:1 и од Камјани со минимални 1:0.

По таквиот старт, домаќинот е под резултатски притисок и ќе мора да бара позитивен исход, а особено победа, за да не влезе во серија од три порази и дополнително да ја усложни својата ситуација.

Од другата страна, Охрид во Радовиш ќе брка враќање на победничкиот пат и повторно искачување на врвот. „Рибарите“ во последното коло загубија со 1:0 од Пелистер, па триумф на ова гостување би им овозможил повторно да се најдат на лидерската позиција.

Интересно ќе биде и во Тетово, каде Тетекс ќе го пречека Работнички. „Штофарите“ досега запишаа еден триумф, а по истиот поразот и двете ремија, па домашниот терен ќе сакаат да го искористат за втора победа во сезоната и исчекор кон горниот дел од табелата.

Работнички, пак, во натпреварот влегува со позитивна атмосфера по победата над Македонија ЃП. „Романтичарите“ ќе се обидат да врзат два триумфи и да стигнат до вкупно четири победи, со што би дошле до 12 бодови и би се искачиле високо на табелата.



Дополнителна тежина на ситуацијата ѝ дава фактот што Работнички има уште еден заостанат натпревар, против Брера Струмица. Доколку ги освои бодовите од двата одложени натпревари, тимот може сериозно да се вмеша во борбата за самиот врв, каде што би можел да се израмни со Охрид со по 15 бодови.

Затоа, четврток носи 90 минути со голем влог во Радовиш и Тетово – едни ќе бркаат излез од кризата, други ќе атакуваат на врвот, а табелата по овие два натпревари може да изгледа значително поинаку.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Брегалница и Скопје, кој ќе се одигра во...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ ја довери правдата на едно од најинтересните соочувања во првото коло...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) ГОЛЕМА НЕИЗВЕСНОСТ ЗА ВАРДАР НЕГОТИНО: Клубот со апел до Општината за спас на сезоната

ГФК Вардар 1938 од Неготино се соочува со сериозни финансиски и организациски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!