Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Сподели
Сподели



Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството во Првата женска фудбалска лига, откако „црвено-црниот“ дрес го облекуваат Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво.

Шемсовиќ која има 27-години доаѓа од тимот на Истатов, а низ кариерата беше дел од Каменица Саса, Скопје и Борец од каде и ја започна кариерата.

Со своето искуство ќе биде важен адут за Вардар, а за новиот клуб Шемсовиќ веќе одигра три натпревари – против Пелистер го имаше своето деби, а потоа настапи и против Каменица Саса и Скопје односно против своите поранешни екипи, како и против Љуботен, во меч каде Вардар го освои првиот бод.

Шљиво е 25-годишна голманка, која доаѓа од екипата на Сараево од Босна и Херцегоивина, низ кариерата беше дел од Емина од Мостар и романска Олимпија Клуж.



Вардар по шест кола има пет порази и едно реми и со еден бод се наоѓа во долниот дел од табелата во ПЖФЛ, а против Тиверија Брера на домашен терен ќе ја бара и првата сезонска победа.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Брегалница и Скопје, кој ќе се одигра во...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ ја довери правдата на едно од најинтересните соочувања во првото коло...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) ГОЛЕМА НЕИЗВЕСНОСТ ЗА ВАРДАР НЕГОТИНО: Клубот со апел до Општината за спас на сезоната

ГФК Вардар 1938 од Неготино се соочува со сериозни финансиски и организациски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!