Трета лигаФудбал

(ФОТО) ГОЛЕМА НЕИЗВЕСНОСТ ЗА ВАРДАР НЕГОТИНО: Клубот со апел до Општината за спас на сезоната

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

ГФК Вардар 1938 од Неготино се соочува со сериозни финансиски и организациски проблеми, поради кои е доведено во прашање неговото понатамошно функционирање и настапот во актуелната сезона во Третата македонска фудбалска лига – Регион 4.

Клубот преку јавно соопштение упати апел до градоначалничката и членовите на Советот на Општина Неготино, барајќи итно да се разгледа можноста за законско и институционално решение на ситуацијата. Како што наведуваат од Вардар, клубот во моментов има блокирана сметка, а проблемите можат директно да влијаат врз неговото функционирање и одигрувањето на натпреварите.

Од клубот предупредуваат дека постои реална опасност да следуваат санкции доколку не бидат одиграни претстојните натпревари, а дополнително се поставува прашањето и дали Вардар ќе може нормално да ја продолжи сезоната 2026/27.

„Не бараме привилегии. Не бараме оправдувања. Бараме решение“, порачуваат од неготинскиот клуб, повикувајќи ги локалните институции да се вклучат во решавањето на проблемот.

„ГФК Вардар 1938 моментално се наоѓа во исклучително тешка и неизвесна ситуација. Нашиот клуб, кој оваа сезона се натпреварува во Трета македонска фудбалска лига, се соочува со блокирана сметка и сериозни проблеми кои можат директно да влијаат врз неговото понатамошно функционирање и настапите во тековната натпреварувачка сезона. Според моменталната состојба, постои реална опасност клубот да биде санкциониран поради неодигрување на следните натпревари, а дополнително се доведува во прашање и неговото нормално продолжување во натпреварувачката сезона 2026/27. Затоа, денес упатуваме јавен и искрен апел до градоначалничката на Општина Неготино и до членовите на Советот на Општина Неготино да се разгледа можноста за итно изнаоѓање законско и институционално решение за настанатата состојба. Не бараме привилегии. Не бараме оправдувања. Бараме решение. ГФК Вардар 1938 не е само фудбалски клуб. Тој е дел од спортската историја и идентитетот на Неготино и навивачката група ВИНАРИ. На стадионот со години растеле генерации, се создавале спомени и се бранеше името на нашиот град. Затоа сметаме дека во овој момент е потребно сите што можат да помогнат да седнат на иста маса и да се побара начин Вардар да продолжи да постои и да се натпреварува. Ова не е време за поделби, обвинувања и препукувања. Ова е момент за одговорност, дијалог и конкретни чекори. Ги повикуваме градоначалничката и Советот на Општина Неготино да ја разгледаат сериозноста на ситуацијата и, во рамките на своите законски можности, да помогнат во изнаоѓањето решение за ГФК Вардар 1938“, се вели во соопштението на клубот.

Вардар Неготино минатата сезона настапуваше во Втората македонска фудбалска лига, но не успеа да обезбеди опстанок и се пресели во Третата лига – Регион 4. Почетокот на новата сезона дополнително не донесе резултатски оптимизам, со два порази на стартот на првенството.



Сепак, од клубот нагласуваат дека Вардар е многу повеќе од спортски колектив и дека неговото значење за Неготино ги надминува резултатите на фудбалскиот терен.

„ГФК Вардар 1938 не е само фудбалски клуб. Тој е дел од спортската историја и идентитетот на Неготино и навивачката група Винари“, се наведува во соопштението.

Од Вардар потсетуваат дека токму на стадионот со години растеле генерации, се создавале спомени и се бранеше името на градот. Затоа, како што велат, сега е потребно сите што можат да помогнат да седнат на иста маса и заеднички да се побара начин клубот да продолжи да постои и да се натпреварува.

Апелот е упатен без обвинувања и поделби, со порака дека сега е потребно „одговорност, дијалог и конкретни чекори“. Клубот бара градоначалничката и Советот на Општина Неготино да ја разгледаат сериозноста на ситуацијата и, во рамките на своите законски можности, да помогнат во изнаоѓањето решение.

„Вардар е Неготино. Вардар е дел од нашиот град. Вардар е дел од навивачката група Винари Неготино“, порачуваат од клубот, со повик неговата иднина да не биде доведена во прашање.



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

„Лавиците“ преку Марија Анчева до реми со Спартак, шампионот убедлив, а пак Чаир беше пресилен за Вардар

Третото коло на женската ракометна Супер лига донесе реми меѓу Ѓорче Петров 2 и Спартак, откако двете екипи ремизираа играјќи 23:23. „Лавиците“ постојано...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) ГОЛЕМА НЕИЗВЕСНОСТ ЗА ВАРДАР НЕГОТИНО: Клубот со апел до Општината за спас на сезоната

ГФК Вардар 1938 од Неготино се соочува со сериозни финансиски и организациски проблеми, поради кои е доведено во прашање неговото понатамошно функционирање и...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Струга ТЛ го „скрши“ Арсими за едно полувреме: Радески со хет-трик во голеадата од 6:0

Струга Трим Лум ја оправда фаворитската улога и со убедливи 6:0 го...

Прва лигаФудбал

Иљази: Ја знаеме силата на Струга, но веруваме во нашата работа и влегуваме максимално подготвени

Арсими денеска гостува во Струга, каде што ќе се соочи со поранешниот...

Прва лигаФудбал

Радески: Посакуваме трите бода да останат во Струга

Струга Трим Лум го пречекува Арсими во натпреварот од осмото коло во...

Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кој може да го симне Пелистер од тронот во Втора лига?

По шест кола екипата на Пелистер од Битола е на врвот од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!