Трета лигаФудбал

Саса оди по три бода во Пирава, дерби на Овче Поле и Малеш, Огражден ќе го предизвикува Хоризонт Турново

Сподели
Сподели

Второто коло од Трета лига регион 3 носи неколку интересни средби, каде се очекува голема борба за освојување на бодовите.

Овче Поле кој убедливо ја отвори новата сезона на домашен терен ќе игра против Малеш од Берово. Двете екипи одлично ја отворија новата сезона, тимот од Свети Николе славеше победа со 11 гола, а пак тимот од Берово со четири гола.

Ланскиот второлигаш Каменица Саса утре ќе гостува во Пирава каде ќе оди на мегдан против Пирава, „рударите“ со блага фаворитска предност, а пак домаќините ќе се потпираат на домашниот терен и поддршката од публиката.

Ланскиот второлигаш Слога Виница на домашен терен ќе игра против Победа од Валандово, дуел каде домашните ќе бараат рехабилитација по поразот од Саса, а пак „калинкарите“ по победата во првото коло ќе сакаат нова победа и во Виница.

Карбинци на домашен терен ќе ја предизвикува Брегалница од Делчево за прва сезонска победа, гостинот ќе биде фаворит за цел „плен“, откако со реми против Хоризонт Турново ја отвори новата сезона.



На „Кукуш“ ќе се игра локално дерби меѓу Хоризонт Турново и Огражден од Ново Село. Некогашниот вицешампион на Македонија со реми ја отвори новата сезона со реми во Делчево, а пак дебитантот победнички тргна и ќе сака докажување и на „Кукуш“ против поранешниот прволигаш.

Тиверија по дебаклот во првото коло на домашен терен ќе сака позитивен резултат против Дојранско Езеро, кој исто така загуби со 3:0 во Ново Село.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Станковски: Задоволен сум од настапот на Мундијалот, генерација со многу талентирани играчи

Репрезентација на Македонија до 15 години (генерација 2011) во периодот од 22. октомври до 1. ноември беше дел од Светското првенство во натпреварувањето...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората...

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!