Трета лигаФудбал

Пчиња на мегдан со Академија Осогово, Победа од Тромеѓа против Јуниор, Куманово како фаворит за трите бодови

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели



Со натпреварот меѓу Победа од Тромеѓа и Јуниор ќе биде отворено второто коло на Трета лига регион 2. Натпревар каде и двете екипи ќе бараат прва победа, откако Победа ремизираше на стартот на сезоната, а пак Јуниор претрпе тежок пораз од Куманово губејќи со 0:3.

Утрешната програма нуди четири мечеви. Пчиња на домашен терен ќе игра против Академија Осогово. Домаќинот со победа ја отвори сезоната, а пак новајлијата од Крива Паланка со пораз, па ќе бара први сезонски бодови.

Влазними од Оризари ќе има тешка задача против Беса од Слупчане, Куманово како фаворит ќе го пречека тимот на Липково, додека пак новајлијата Козјак од Старо Нагоричане ќе бара прв први бодови против Речица, која на стартот од сезоната ремизираше.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Станковски: Задоволен сум од настапот на Мундијалот, генерација со многу талентирани играчи

Репрезентација на Македонија до 15 години (генерација 2011) во периодот од 22. октомври до 1. ноември беше дел од Светското првенство во натпреварувањето...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората...

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!