Останато

Табата го запре Ивановски на стартот на турнирот на Златибор

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Дејвис куп репрезентативецот на Македонија, Калин Ивановски, по пауза од два месеца поради повреда, се врати на тениските терени, но не успеа да ја мине првата пречка на ИТФ 25 турнирот на Златибор.

Ивановски во првото коло загуби од Јапонецот Рио Табата со 2-1 во сетови (6:1, 4:6, 10:6). Македонскиот тенисер последниот меч го одигра во средината на јули, а по враќањето на теренот лошо го започна дуелот. Табата го освои првиот сет со убедливи 6:1 во гемови.

Во вториот сет Јапонецот повторно поведе со 2:0, но Ивановски успеа да направи пресврт. Со два направени брејка го освои сетот со 6:4 и израмни на 1-1.

Во решавачкиот сет не се играше во класичен формат, туку до 10 освоени поени. Причина за тоа беа проблемите со распоредот на мечевите во претходните денови поради лошите временски услови. Табата беше поуспешен и во супер тај-брејкот славеше со 10:6.

Ивановски следната недела го очекува настап на турнирот во Пардубице, Чешка.

На турнирот на Златибор настапува и вториот Дејвис куп репрезентативец на Македонија, Олег Приходко. Тој успешно го мина првото коло, откако без поголеми проблеми го совлада Вељко Крстиќ со 2-0 во сетови (6:2, 6:1).

Приходко настапува и во конкуренција на двојки, каде што заедно со Денис Клок обезбедија пласман во полуфиналето. Утре ќе играат против бугарската комбинација Алекс Генчев и Ентони Гемов.

Приходко утре го очекува и натпревар во сингл, против Дражен Петровиќ од Босна и Херцеговина. Доколку слави, истиот ден ќе го одигра и четвртфиналниот меч.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Останато

МЗТ Скопје немоќен во Полска – Џики Варшава го нанесе петтиот последователен пораз на македонскиот шампион во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува со негативната серија во ФИБА...

Останато

ТФТ постигна 21 поен повеќе отколку во Тузла, но повторно прими над 100 во АБА 2

ТФТ Скопје го претрпе вториот пораз во групата Б од АБА 2....

Останато

Струмица 47&72 без конкуренција кај кадетите – четири победи, ниту еден загубен сет и лидерско место на табелата!

Кадетската екипа на Струмица 47&72 продолжува со одличните настапи во одбојкарското првенство,...

Останато

Борец Велес испиша хет-трик од титули – трета година по ред шампион во Државната одбојкарска лига за ветерани!

Одбојкарските ветерани на ГОК Борец Велес продолжуваат со доминацијата во Државната лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!