Прва женска фудбалска лигаФудбал

Бењамин Ќерими го доби соочувањето меѓу Скопје и Истатов, Блаже Петковски главен во Струмица

Сподели
Сподели

Денес ќе биде отворено шестото коло во Првата женска фудбалска лига со натпреварот во Пржино. Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на сите пет натпревари.

Шампионот Скопје на домашен терен ќе игра дерби против Истатов на Пржино. Мечот стартува во 16:30 часот, а главен судија ќе биде Бењамин Ќерими, негови помошници ќе бидат Тамара Цветановиќ и Филип Ицковски. Контролор на натпреварот ќе биде Петре Илиоски.

Во сабота ќе бидат одиграни три натпревари. Првиот е во 11 часот во Струмица, каде Тиверија Брера ќе се соочи со Речица. Блаже Петковски ќе биде главен судија, а негови помошници ќе бидат Иван Танев и Стефан Митров. За контролор е одреден Ѓорги Карајанов.

Останатите две средби од саботната програма се игра од 16:30 часот. Кочани на домашен терен ќе игра против Пелистер. Нинослав Нанков ќе биде главен судија, а ќе му асистираат Петар Арсовски и Радмила Неркова, а пак контролор ќе биде Билјана Миланова.

Дерби ќе се игра во Македонска Каменица меѓу Каменица Саса и Ас Јунајтед, а за правдата ќе се погрижи судиската тројка предводена од главниот судија Кристијан Гарески и асистентите Дарко Видиниќ и Александар Николоски. Контролор ќе биде Сашо Иванов.



Колото се комплетира во недела со дербито меѓу лидерот Љуботен и Вардар кој е на дното без бодови. Фатмир Бафто ќе ја дели правдата на овој натпревар, а негови помошници ќе бидат Климент Ристоски и Марио Мојсоски.

За контролор на мечот кој стартува во 16:30 часот ќе биде Џенан Хајдари.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!