Ракомет

Томче Трајчевски се врати во Преспа, ресенчанецот се врати дома

Сподели
Сподели

Прволигашот Преспа за новата сезона ќе има искусно име во своите редови, откако успеа да го врати искусниот Томче Трајчевски.

Ресенчанецот во Преспа се враќа од редовите на ланскиот суперлигаш Радовиш, кружниот напаѓач треба да биде голема адут на Преспа во предизвиците кои ќе ги има тимот од градот на јаболкото во Првата ракометна лига.

Трајчевски веќе дебитираше за тимот на Преспа на натпреварот од 1. коло на Првата ракометна лига, со четири погодоци за неговиот нов тим, но Преспа загуби од Текстилец на домашен терен со 33:35.

Искусниот кружен напаѓач покрај за Радовиш и Преспа, низ кариерата настапуваше и за Јуниор КВ и Прилеп, а потекнува од школата на Младост – Ресен.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата на шампионите, а за дуелот со Нант веќе се познати и...

Поврзани написи
Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата...

Ракомет

Кукуловски „грмеше“ од девет метри: седум гола за победничко деби во Металопластика!

Поранешниот ракометар на Охрид, Дејан Кукуловски, со одлична индивидуална партија го започна...

Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и...

Ракомет

Пелистер, Алкалоид, Вардар и Тиквеш со победи во Супер лигата!

Четири натпревари од Супер машката лига донесоа очекувани победи на фаворитите, но...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!