Трета лигаФудбал

Дрита со „лото“ победа, Љуботен со убедлив триумф, три бода за Гостивар и Цетинска

Сподели
ФОТО: KF Drita Bogovinë
Сподели



Денес започна новата сезона во Трета лига регион 6 со натпреварите од првото коло, кои донесоа голем број на погодоци.

Дрита на домашен терен во Боговиње со 7:1 го декласираше тимот на Јехона, во меч каде искусниот Шпенд Асани постигна дури пет погодоци, а по еден гол постигнаа Рамадан Шерифи и Ендрит Алимани. За гостинот утешен гол постигна Албин Љимани.

Дрита победата ја посвети на прерано починатиот млад фудбалер Даниел Николовски, кој денес требаше да го има дебито за тимот од Боговиње.

Во Желино се одигра неизвесен меч каде Доброшти со 1:2 славеше над Лирија. По чистите мрежи во првиот дел гостинот преку Артон Аземи и Милазим Вељии дојде до двојна предност, а во 82. минута Дритон Зеадини постигна гол за ублажување на поразот.

Скендербег со сигурни 2:0 славеше над Кораб од Дебар преку головите на Димеч АНдов и Ќендрим Аљиљи, со што тимот од Дебар кој од оваа сезона се натпреварува во нов регион започна со пораз.

Цетинска преку пресврт триумфираше над Џепчиште на домашен терен со резултат од 4:1. Гостинот преку Дрин Рустеми во 17. минута дојде до предност од 0:1 на полувреме.

Во вториот дел со два брзи гола во 62. минута Лорик Љика израмни на 1:1, а веќе во 64. минута со голот на Исмет Цека резултатот беше 2:1. До крајот од мечот Дурим Љоки и Артин Селамни постигнаа погодоци за 4:1.



Љуботен забележа голема победа од 6:3 над Градец во натпревар каде за домашниот тим хет-трик имаше Бојан Костадиновски, двоен стрелец беше Марко Мишиќ, а еден гол беше дело на Филип Бимбилоски.

За гостинот Ерјон Елмази беше двоен стрелец, а еден гол беше дело на Сокол Исеини.

Гостивар тргна победнички во новата сезона откако на домашен терен преку трите гола на Генц Гаши славеше со 3:1 над Вардар од Брвеница. За гостинскиот тим единствен стрелец беше искусниот Даниел Радески кој погоди во 41. минута од средбата.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи на домашен терен и освојувајќи значаен бод. Сепак, денеска ги очекува...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Станковски: Задоволен сум од настапот на Мундијалот, генерација со многу талентирани играчи

Репрезентација на Македонија до 15 години (генерација 2011) во периодот од 22. октомври до 1. ноември беше дел од Светското првенство во натпреварувањето...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!