Ракомет

Охрид ‘безмилосен’ во Езерското дерби: „Гладијаторите“ со убедливи 33-16 против Струга

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

ГРК Охрид стигна до првата победа во новата сезона во Супер лигата, откако во „Билјанини Извори“ убедливо ја совлада Струга со 33-16 (17-8) во Езерското дерби.

Домашниот состав, уште од воведните минути покажа дека нема да дозволи неизвесност. Охриѓани брзо ја презедоа контролата, ја наметнаа својата игра и во текот на првиот дел постојано ја одржуваа предноста. Во завршницата од полувремето следуваше дополнително одлепување, па на паузата Охрид замина со комотни девет гола разлика.

ФОТО: Спортска Мрежа

Ниту продолжението не донесе промена на текот на натпреварот. „Гладијаторите“ продолжија во ист ритам, додека Струга имаше сè поголеми проблеми да најде решение во нападот. Предноста на домаќинот постепено растеше, а во 45. минута семафорот покажуваше 24-10.

Во последниот дел Ројевиќ им даде шанса и на останатите ракометари, меѓу кои и голманот Ѓорѓески и Карапалевски, но Охрид без проблем го задржа убедливото водство до самиот крај. По 60 минути игра резултатот гласеше 33-16.

ФОТО: Спортска Мрежа

Најефикасен кај победничкиот тим беше Мате со седум гола, додека Зечевиќ и Јошида придонесоа со по пет погодоци. Кај Струга, Танкоски, Георгиевски и Пајкоски постигнаа по три гола.

Охрид со оваа победа го заокружи дербито со сигурна и убедлива претстава пред домашната публика, додека Струга ќе бара поправен резултат во следното коло. „Гладијаторите“ гостуваат кај Бутел во Скопје, а Струга на свој терен ќе го пречека Еурофарм Пелистер.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 9. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Кошарка

(ВИДЕО) 30 години од историската победа на МЗТ Скопје над Реал Мадрид – вечерта кога „Лименката“ го сруши шпанскиот гигант!

На денешен ден, 6 ноември, пред точно 30 години, македонската кошарка испиша една од своите најславни страници. МЗТ Скопје Аеродром во незаборавна атмосфера...

Поврзани написи
Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

РакометРакометна репрезентација

ФОТО: Сè е подготвено за Луксембург – Македонија го одработи последниот тренинг!

Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!