Кошарка

КФМ и клубовите од Женската Прва лига ги договорија деталите за новата сезона

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Кошаркарската федерација на Македонија одржа работен состанок со претставниците на клубовите – членки на Здружението на клубови од Женската Прва лига. На состанокот беа разгледани повеќе прашања поврзани со организацијата и подготовките за новата натпреварувачка сезона 2026/2027.

Средбата се одржа во просториите на КФМ, а главен фокус беа темите поврзани со непречен почеток и реализација на натпреварувањето во новата сезона.

Меѓу останатото, се разговараше за системот на натпреварување, календарот и термините за старт на сезоната, како и за организациските аспекти поврзани со текот на натпреварите.

Во сезоната 2026/2027 во Женската Прва лига ќе настапуваат осум екипи, кои ќе се натпреваруваат за што подобар пласман и резултат во текот на сезоната.

Работниот состанок овозможи претставниците на клубовите и федерацијата да ги споделат своите предлози, мислења и ставови во однос на претстојната сезона. Сите разгледани прашања и предлози ќе бидат земени предвид од страна на надлежните органи на КФМ во понатамошните активности.

Во рамките на работниот состанок беше реализирана и ждрепката на натпреварувачките броеви,со која беа формирани двојките за првото коло од новата сезона во Женската Прва лига, кое е предвидено да се одигра на 10/11 октомври 2026 година:

  1. Вардар – Крива Паланка
  2. Пробаскет – Бадел 1862
  3. Гевгелија – Патриот
  4. МЗТ Бела Вода – Баскет Кам

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна игра славеа над Струга со 33-16. Избраниците на Борис Ројевиќ уште...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), со што дополнително се зајакнува партнерството меѓу...

Поврзани написи
Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската...

Кошарка

КФМ одржа работен состанок со клубовите пред стартот на новата сезона

Кошаркарската федерација на Македонија одржа работен состанок со претставниците на клубовите –...

Кошарка

Атанасов: Моите очекувања со МЗТ се секогаш исти – напад на секој трофеј и победа на секој натпревар!

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром веќе три недели се наоѓа во силен...

Кошарка

КК Гостивар се засили со Таулант Ибраими – Љанти

КК Гостивар продолжува да го гради тимот за новата сезона, а клубот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!