Втора лигаФудбал

Крумислав Ѓоргиев ќе им суди на Беласица и Тетекс, Фуркан Идризи на Охрид и Еуромилк ГЛ

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Денес со еден натпревар ќе биде отворено 5. коло на Втората македонска фудбалска лига, а мечот меѓу Работнички и Брера Струмица е одложен и ќе има нов термин, бидејќи струмичкиот тим ќе игра во младинската Лига на шампиони.

Познати се судии кои ќе ја делат правдата на мечевите од петтата рунда на второлигашкиот шампионат.

Денес во 16 часот стартува мечот меѓу Македонија ЃП и Камјани, каде Марјан Стојановски ќе дели правда, а ќе му помагаат Даниел Василевски и Александар Ѓорѓиески, додека пак Бенарт Зеќири ќе биде четврти судија.

Делегат на мечот е Марјан Пишмановски, а контролор е Коле Василев.

Утре ќе бидат одиграни останатите мечеви, а кои стартуваат во ист термин од 16 часот.

На Чаир ќе се соочат Шкупи и Пелистер, дуел на лански прволигаши каде правда ќе дели Фатмир Бафто, а ќе му помагаат Мишо Ѓорѓиески и Стефан Петрушевски, а пак Бардхиљ Ибраими ќе биде четврти судија.

Дритан Бакали е делегат, а контролор е Горан Спиркоски.



Фуркан Идиризи ќе биде главен судија на „Билјанини Извори“, каде ќе се соочат Охрид и Еуромилк ГЛ, а ќе му помагаат Дарко Јовчевски и Имран Абази, а пак четврти судија е Пларент Салихи.

Делегат на натпреварот е Никола Мицановски, а пак Џенан Хајдари е контролор.

Ндерим Тефику ќе биде задолжен за правдата во Кочани каде ќе играат Осогово и Кожуф, а асистент-судии ќе бидат Мартин Петковски и Станко Митровиќ, а пак Ненад Тодоровски ќе биде четврти судија.

Зоран Перески ќе биде делегат, а контролор е Зоранчо Темелков.



Ангелчо Ристов ќе им суди на Новаци и Детонит Плачковица, а ќе му помагаат Давор Дишлиевски и Ване Дупкаров, додека пак Владимир Ѓорѓиевски ќе биде четврти судија.

Емин Кранли е делегат на овој натпревар, а пак Марјан Петров е контролор.

Колото се затвара со меч под рефлектори во Струмица, каде од 19 часот Беласица ќе го пречека Тетекс. Крумислав Ѓоргиев ќе биде главен судија, а негови помошници ќе бидат Богданчо Ѓеоргиев и Дејан Стоиков, а пак Дарко Стојанов ќе биде четврти судија.

Трајче Шопов ќе биде делегат, а Горан Ангелески ќе биде контролор.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!