Кошарка

Атанасов: Моите очекувања со МЗТ се секогаш исти – напад на секој трофеј и победа на секој натпревар!

Сподели
ФОТО: КК МЗТ Скопје
Сподели

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром веќе три недели се наоѓа во силен тренажен процес, подготвувајќи се за предизвиците кои претстојат во новата сезона на домашната сцена, но и во АБА2-лигата и ФИБА Еврокупот.

Шефот на стручниот штаб, Васко Атанасов, е задоволен од досега сработеното, особено по успешно завршениот мини-камп во Негорски Бањи и првиот контролен натпревар. Во пресрет на серијата пријателски средби кои следуваат, стратегот на „штрковите“ ги сподели своите импресии од новиот ростер и очекувањата за стилот на игра кој ќе го краси тимот во новата сезона.

„Мислам дека создадовме многу компактен, разноврстен и борбен ростер кој сигурно ќе игра кошарка каква што треба да игра МЗТ Скопје. Направивме промени, имаме нови лица во тимот и верувам дека ќе направиме целина која најдобро што може ќе одговори на секој од предизвиците што се пред нас. Во времето кое помина зад нас, согледавме како овој тим може да игра и колку може да напредува. Тоа е всушност нешто што посебно ме радува и верувам дека ќе биде вистинско задоволство да се гледа во текот на сезоната“, вели Атанасов.

Тимската хемија и физичката подготвеност секогаш се клучни за долга и напорна сезона, а токму на тоа се работеше за време на престојот во Гевгелија.

„Тренинг кампот во Негорски Бањи го искористивме за унапредување на техничко-тактичкиот дел, како и за кревање на физичката форма пред периодот во кој ќе ги одиграме подготвителните натпревари кои ќе ни ги покажат нашите добри и лоши страни. Играчите работеа доста напорно и секако сум задоволен од сработеното на теренот“, дополнува тренерот.

Првиот тест на подготовките донесе убедливо издание и дури 111 постигнати поени против тимот на Кожув, што е јасна најава за филозофијата на стручниот штаб.

„Натпреварот против Кожув покажа некои црти од тоа како нас како стручен штаб ни е замислено овој тим да игра. Секако, со ростер полн со потентни офанзивни играчи, брзата игра и нападот ќе бидат нешто на кое ќе инсистираме. Останува да продолжиме да работиме и да го унапредуваме тоа што веќе го имаме.“

Очекувањата од клубот со реномето на МЗТ Скопје секогаш се највисоки, без разлика на натпреварувањето. Атанасов добро знае што се бара од него и од кошаркарите.

„Моите очекувања со МЗТ се секогаш исти – напад на секој трофеј и победа на секој натпревар! Најважно ми е на секоја средба да го дадеме максимумот, да се бориме до крај и да не ги оставиме навивачите разочарани. Сигурен сум дека таквиот пристап ќе нѐ донесе до посакуваната цел“, поентира стратегот на сино-белите.

Наш следен противник во контролниот период ќе биде тимот на ГКК Штип, закажан за во среда на отворањето на спортскиот центар „Џексон“ во овој град.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
Кошарка

Гостивар и Вардар во дерби за врвот, Феникс 2010 го брани лидерското место!

Возбудувањата во Првата македонска кошаркарска лига продолжуваат викендов со натпреварите од шестото...

Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската...

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот,...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!