Прва лигаФудбал

Брегалница се раздели со стручниот штаб, без објаснување за причините

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели

Фудбалскиот клуб Брегалница донесе одлука за прекин на професионалниот ангажман на стручниот штаб, со што штипскиот прволигаш влегува во потрага по ново тренерско решение.

Клубот денеска преку официјално соопштение ја информираше јавноста дека Управата донела одлука за прекин на соработката со стручниот штаб. Во соопштението, сепак, не се наведуваат причините за ваквиот потег, ниту пак се даваат дополнителни детали околу одлуката.

Интересно, а воедно и боде во очи е што Брегалница во официјалното соопштение воопшто не го спомнува со име и презиме тренерот со кого се разделува, иако досегашниот стручен штаб беше предводен од Никола Кузманов. Клубот единствено информира дека се прекинува професионалниот ангажман на целиот стручен штаб.

Одлуката доаѓа во период во кој резултатите не се на посакуваното ниво. Брегалница по шест одиграни натпревари има шест освоени бодови и се наоѓа на осмата позиција на табелата, а во последните две кола претрпе порази од Струга и Шкендија Арачиново.

Кузманов на кормилото на штипјани пристигна непосредно пред почетокот на сезоната, но по нешто повеќе од еден месец доаѓа до прекин на ангажманот.

Од Брегалница упатија благодарност до членовите на досегашниот стручен штаб за професионалниот ангажман, посветеноста, вложениот труд и придонесот во работата на клубот.

Штипскиот клуб најави дека јавноста навремено ќе биде информирана за сите дополнителни информации поврзани со новиот стручен штаб. До неговото именување, останува отворено прашањето кој ќе ја преземе екипата во продолжението од сезоната.

Сподели

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој треба да се одиграат на 25 март 2027 година. Ждрепката посака...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!