Прва лигаФудбал

Башкими го победи Скопје и стигна до првата победа во шампионатот

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Екипата на Башкими славеше со 2-1 на гостувањето кај Скопје и ги освои првите три бода во шампионатот.

Гостите од Куманово први се заканија преку Рибеиро, кој ја погоди надворешната страна од мрежата. Скопје возврати во 14. минута, кога Ангелов упати прецизен удар, но голманот на Башкими, Алиу, одлично интервенираше. Набрзо потоа, Рибеиро се проби во шеснаесетникот на домаќините, но Наумовски со добра реакција го спречи неговиот обид.

Во 18. минута, Рибеиро асистираше во шеснаесетникот, но одбраната на Скопје успеа да го блокира Андри Стафа од само шест метри. Осум минути подоцна, Рибеиро се обиде и од слободен удар од околу 17 метри, но биеше непрецизно.

Башкими поведе во 30. минута. Кумановци изведоа брз напад, Рибеиро асистираше, а младиот напаѓач Рашид ја затресе мрежата за својот дебитантски гол во дресот на Башкими.

До паузата, гостите имаа уште една добра можност преку Адис Мурати, кој во 42. минута се најде во шеснаесетникот на Скопје, но неговиот удар заврши малку покрај голот.

Башкими подобро го отвори и второто полувреме. Уште во првата акција, Андри Стафа упати силен удар, но топката заврши покрај голот.

Само што започна следниот напад, гостите ја удвоија предноста. Рибеиро шутираше, Наумовски кратко одби, а на одбиената топка најдобро реагираше капитенот Адис Мурати, кој погоди за 2-0.

Скопје се врати во игра во 69. минута. Лимани неправилно го запре Николовски во шеснаесетникот, по што судијата Идризи покажа на белата точка. Одговорноста ја презеде Али Адем, кој сигурно реализираше и го постигна својот прв гол во дресот на Скопје за намалување на 1-2.

Во финишот немаше посериозни можности пред двата гола, па Башкими успеа да ја сочува предноста и да стигне до првата победа и првите три бода во шампионатот.

Во 7. коло, Скопје ќе гостува кај Шкендија Арачиново, додека Башкими на домашен терен ќе го пречека Вардар.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!