Денес се играат првите четири натпревари од 1/16 финалето од Купот на Македонија со што ќе биде отворена новата сезона.
Третолигалигашите на домашен терен ќе биде исправени пред сериозен предизвик против фаворитите.
Поранешниот шампион на Македонија, Струга Трим Лум како апсолутен фаворит ќе гостува во Валандово кај третолигашот Победа, лесна задача треба да има и Пелистер, битолчани влегуваат како апсолутни фаворити против Студеничани.
Македонија ЃП во првата фаза од Купот ќе се соочи со Влазерими, додека пак Брера Струмица ќе гостува во Неготно каде ќе игра против третолигашот Венец од Долни Дисан.
Утре, Вардар ќе гостува во Свети Николе каде како фаворит ќе игра против третолигашот Овче Поле.