ИнтернационалциФудбалФутсал

Горан Стојанов ќе игра во Бундеслигата: Радовишанецот потпиша за Јанг Бојс Балкан

Сподели
Сподели

Радовишанецот Горан Стојанов кариерата ја продолжува во германската Бундеслигата, откако беше промовиран во Јанг Бојс Балкан.

Стојанов минатата сезона зад себе има двојна круна со Проект, откако тимот од Јосифово по вторпат стана шампион, а за првпат ја освои Куп титулата за обединување на двете круни со генерација на футсалци меѓу кој и Стојанов.

Радовишанецот дебитираше и во УЕФА Футсал Лигата на шампиони откако со Проект беше дел од прелиминарната фаза каде стекна драгоцено искуство во група со екипите на Грац (шампион на Австрија), Врхника (шампион на Словенија) Макаби Нетанја (шампион на Израел). Стојанов се запиша и во лигата со гол против словенечкиот шампион Врхника.

26-годишниот Стојанов во Проект пристигна во февруари 2025 година каде ја освои двојната круна во македонскиот футсал, а имаше настапи и за радовишки Детонит Плачковица и Хоризонт Турново, а кариерата ја започна во Серта од Конче.

Стојанов има и искуство како футсалер и со настапи во Бизнис лигата каде беше дел од екипата на Лукоил.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Елмас влезе кога Аталанта веќе губеше со 0:3: Парма го реши мечот пред неговото влегување

Елиф Елмас доби шанса во последните триесетина минути, но Аталанта веќе беше во тешка позиција. Македонскиот репрезентативец влезе во 62. минута на местото...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски го објави списокот на фудбалери за дуелите со Шкотска и Словенија

Македонската фудбалска репрезентација ќе ги одигра последните два натпревари од групната фаза во УЕФА Лигата на нации против Шкотска и Словенија, а селекторот...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас влезе кога Аталанта веќе губеше со 0:3: Парма го реши мечот пред неговото влегување

Елиф Елмас доби шанса во последните триесетина минути, но Аталанта веќе беше...

ИнтернационалциФудбал

Чурлинов погоди по пет минути, но Погон остана без бодови и заврши со деветмина

Дарко Чурлинов повторно се запиша меѓу стрелците во полското првенство, но неговиот...

ФудбалФутсал

Пукна „петарда“ во Кавадарци: Шампионот Проект убедлив против Клими, два гола за Трајче Димитриев

Македонскиот футсал шампион стигна до четвртата сезонска победа од толку натпревари откако...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!