Македонските судии Елена Соклевска – Илиевски, Тамара Цветановиќ, Ангелчо Ристов и Александар Николоски добија нови задачи на Медитеранските игри во Таронто, Италија.
Финалето меѓу Португалија и Италија во женска конкуренција од 19 години ќе го судат судии од Македонија, што е уште една потврда за квалитетот на нашите судии, кои имаат силна поддршка и од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
На финалето Тјаша Мисја од Словенија ќе биде главен судија, а асистенти ќе бидат Соклевска – Илиевски и Цветановиќ, а пак Ристов ќе ја има улогата на четврт судија.
Мечот се игра на стадионот „Еразмо Јаковоне“, а стартот е закажан во 19 часот.
Асистент-судијата Николоски, пак, доби задача на мечот за трето место меѓу Мароко и Словенија, кој веќе се одигра, а каде Мароко беше подобар со убедливи 4:1.
Претходно, во текот на Медитеранските игри нашите судии делат правда на повеќе натпревари на високо ниво потврдувајќи го големиот потенција.
Соклевска – Илиевски е меѓународен судија од 2011 година и моментално, додека пак Цветановиќ е меѓународен асистент-судија од 2025 година.