Втора лигаФудбал

Брера со голема победа над Камјани, прва радост за Пелистер, Новаци “зариба” во Кочани

Сподели
ФОТО: ФК Работнички
Сподели

Во дуелот за први бодови во Кочани, Осогово и Новаци ги поделија бодовите во меч без голови 0:0 во рамки на третото коло на Втора лига.

Новаци не тргна според планот, а Осогово ја израдува домашната публика само со бод.

Пелистер под притисок за прва сезонска победа гостуваше кај Македонија ЃП во дуел каде битолчани се радува на победа од 0:1 со голот на Иван Ивановски во 82. минута.

Брера Струмица на домашен терен се соочи со новајлијата Камјани, а исходот беше победа за струмичани од 2:1.

Владимир Жоглев го отвори резултатот за 1:0 на полувреме. Во вториот дел Давид Ристовски ја дуплираше предноста, а Веби Ислами ги постави конечните 2:1.

Работнички на домашен терен против Еуромилк ГЛ забележа победа од 1:0 со голот на Александар Богданоски.

Колото се затвара утре со три меча. Од 16:45 часот играат Охрид против Кожуф, Шкупи против Тетекс, а од 20 часот дерби на Беласица и Детонит Плачковица од 20 часот.

Сподели

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Голем хуман гест за голем јубилеј: Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила слави 15 години со добротворна акција!

Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила одлучи својот 15-годишен јубилеј да го одбележи на посебен начин – наместо со традиционална прослава, младите...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Каранфиловска и Коловска за важни три бода: Истатов го совлада Кочани, кој остана „закован“ на дното

Фудбалерките на Истатов го совладаа Кочани со 2:0 во последниот натпревар од 11. коло на Првата женска фудбалска лига. Ања Каранфиловска и Андреа...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас влезе кога Аталанта веќе губеше со 0:3: Парма го реши мечот пред неговото влегување

Елиф Елмас доби шанса во последните триесетина минути, но Аталанта веќе беше...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!