ФудбалФутсал

Форца е есенски шампион во Првата футсал лига со максимален ефект, Бутел е на дното без триумф!

Сподели
ФОТО: Futsal Club FORCA | АРХИВА
Сподели

Со девет одиграни кола се комплетираше есенската полусезона во Првата футсал лига на Македонија, а актуелниот шампион Форца е есенски шампион и игра одлично на патот кон одбрана на титулата.

Форца има девет од девет со најдобар напад кој реализирал 68 погодоци и има максимални 27 бодови на своето конто. Форца има шест бодови бодовна залиха што е осетна залиха, а во пролетниот дел ќе треба да се потврди одбраната на титулата.

Екипата на Шкупи со учинок од седум победи и два порази е на второто место и 21 бод на своето конто. Овој тим ја има најдобраната одбрана која примила 16 бодови.

На третото место е тимот на Проект кој е повратник во елитата со шест победи, едно реми и два порази или 19 бодови. На 4. место е Осогово од Крива Паланка со 16 бодови, па следува Клими како петтопласирана со 11 бодови.

Екипата на Железарец со девет бодови ќе презими на шесттото место, Кеги Моби се проби до седмото место со осум бодови, осми е Јувентус Серава со седум бодови, Црна Река е претпоследна со пет бодови, а пак Бутел е на дното со три бодови и единствен тим кој не успеал да се израдува на триумф во есенскиот дел.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ФУТСАЛ ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 КМФ ФОРЦА 2015 9 9 0 0 68 25 +43 27
2 КМФ ШКУПИ 1927 ДОО 9 7 0 2 43 16 +27 21
3 КМФ ПРОЕКТ 9 6 1 2 35 17 +18 19
4 КМФ ОСОГОВО 2022 Крива Паланка 9 5 1 3 43 38 +5 16
5 КМФ КЛИМИ Кавадарци 9 3 2 4 42 36 +6 11
6 КМФ ЖЕЛЕЗАРЕЦ 9 3 0 6 21 41 -20 9
7 КМФ КЕГИ-МОБИ Велес 9 2 2 5 27 58 -31 8
8 КМФ ЈУВЕНТУС СЕРАВА(-3) 9 3 1 5 32 44 -12 7
9 ФК ЦРНА РЕКА/КМФ 9 1 2 6 29 46 -17 5
10 КМФ БУТЕЛ 2022 9 0 3 6 23 42 -19 3

Пролетната полусезона ќе стартува со натпреварите од 10. коло.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!