Трета лигаФудбал

Кои екипи испаѓаат од Трета лига?

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Македонските третолигаши во моментот се на зимска пауза, а во следниот период дел од нив ќе градат тим во борбата за влез во Втора лига, но и во борбата за опстанок во Трета лига.

Во секој регион е различен број на екипи кои ќе испаѓа во Општинската фудбалска лига или Четвртата лига по ранг на натпреварување.

Начинот на испаѓање од Трета лига е дефиниран во член 54 од пропозициите за Третата македонска фудбалска лига.

Бројот на екипите кои испаѓаат од Третите лиги зависи од бројот на екипите кои се натпреварувале во третите лиги во сезоната 2024/2025. Во трета лига која брои до/и 12 екипи директно испаѓаат двете последно пласирани/ рангирани екипи на конечната или табелите од член 32а. Во трета лига која брои до/и 14 екипи директно испаѓаат три последно пласирани/ рангирани екипи на конечната или табелите од член 32а табела. Екипите пласирани на последователно повисоките позиции од погоре наведените во став 1 на овој член редоследно испаѓаат во зависност од територијалната припадност на екипите кои испаѓаат од Вторите лиги и пласманот на првакот во повисок ранг. Екипите кои се откажале или се дисквалификувани од натпреварувањето можат да го зголемат бројот на екипите кои испаѓаат од Третите лиги.

Во Трета лига – Исток се натпреваруваат десет екипи, додека пак во Трета лига – Југозапад и Запад се натпреваруваат по 12 екипи, а тоа значи дека од овие региони ќе испаднат последните две екипи. Во Трета лига – Север и Југ ќе испаднат последните три екипи, бидејќи во овие два региони се натпреваруваат 14 екипи.

Колку за информација во Трета лига – Југ веќе две екипи се откажани, односно тоа е Марена која воопшто и не започна со натпреварување и екипата на Обршани која во текот на есенскиот дел се откажа од натпреварување.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Јован Гетов постигна 12 гола: Партизан го совлада Овче Поле

Благодарение на расположениот Јован Гетов тимот на Партизан славеше со 35:33 над Овче Поле од Свети Николе во меч од 13. коло на...

Трета лигаФудбал

Превалец е есенски шампион во Трета лига – Југ, Росоман со победа ја заврши 2025 година!

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ, откако во последното есенско коло со 1:8 го декласираше „фенерџијата“...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Превалец е есенски шампион во Трета лига – Југ, Росоман со победа ја заврши 2025 година!

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Прва лигаФудбал

Силекс и Брера со големи гостински победи – Работнички и Шкупи во длабока криза пред зимската пауза

Последното коло во есенскиот дел од Првата македонска лига донесе јасна слика...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Охрид ја освои Виница и стана есенски шампион во Втора лига

Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига, откако попладнево во...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Тетекс ја доби голеадата со Големо Коњари и победнички ја затвори 2025 година

Тетекс славеше со 2:6 над „фенерџијата“ Големо Коњари во последното есенско коло...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!