Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Зеќири: Мислам дека сме доста спремни за да победиме

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Лејсон Зеќири е еден од повратниците во сениорската репрезентација на Македонија и максимално подготвен го очекува новиот предизвик – гостувањето кај Австрија на 30 август во Виена. Зеќири се најде на списокот на селекторот Жозеп Марија Берокал за августовскиот ФИБА прозорец, во кој Македонија ја очекува стартот на втората рунда од претквалификациите за Евробаскет 2029.

„Имаме еден натпревар во овој претквалификациски циклус, односно ФИБА „прозорец“, оној против селекцијата на Австрија. Очекувам да го добиеме. Го комплетиравме тимот, ни се придружи и Мозес Рајт и мислам дека сега сме најквалитетни што можеме да бидеме“, вели Зеќири.

За македонскиот репрезентативец, серијата од шест победи е позитивен момент, но не треба да биде дополнителен притисок пред натпреварот во Виена.

„Да, навистина сето тоа изгледа добро, имавме 6-0, но сега ова е друга група, сè е ново. Не треба да се враќаме на она што било, мора да гледаме напред. Секако, поволен момент за нас е што сме во серија на победи. Сепак, многу е подобро чувството кога ќе победиш отколку кога ќе загубиш. Мислам дека сме доста спремни за да победиме“, додава Зеќири.

Австрија според ранкингот важи за сериозен противник, но Зеќири посочува дека македонскиот тим пред сè мора да биде концентриран на сопствената игра.

„Без оглед на сè, ние треба да ја гледаме само нашата работа. Има неколку денови до натпреварот во кои извесно ќе погледнеме и видео-материјали за тоа како игра нашиот противник. Ќе видиме што треба да подобриме и на што треба да работиме. Во овие денови ќе се фокусираме на тоа како да одиграме против Австрија“, истакнува Зеќири.

Македонија и Австрија ќе се соочат на 30 август во Виена, во рамките на вториот круг од претквалификациите за Евробаскет 2029.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Ржаничино ќе го предизвикува Илинден, Студеничани против Беса Сарај

Со два натпревари денес ќе биде отворено второто коло во Трета лига регион 1. Ржаничино ќе го предизвикува фаворитот Илинден за трите бодови,...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Јошко Миленкоски: Можеби можеше и повеќе, но по некое време ќе почувствуваме што значело ова учество на ЕП

Четврто учество на ЕвроВолеј во низа за машката одбојкарска репрезентација на Македонија заврши во групната фаза. Нашата селекција настапот на континенталниот шампионат го...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Деспотовски: Покажаа потенцијал, ова треба да им биде мотив за уште повеќе тренинг и подобри резултати

Македонскиот национален тим го заврши својот настап на Европското првенство за тенисери...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Владо Милев ја заврши својата кариера и заминува во пензија!

Најискусниот играч во македонската машка одбојкарска репрезентација, 39-годишниот Владо Милев, вчера го...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!