Прва лигаФудбал

Демири: Го почитуваме Вардар, но на теренот влегуваме без респект – одиме на победа!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Во рамките на 8. коло од Првата фудбалска лига на Македонија, Шкендија Арачиново му гостува на актуелниот шампион Вардар, во натпревар во кој „арачиновци“ влегуваат со голема самодоверба.

Тимот на Шкендија е во одличен победнички ритам и зад себе има серија од четири последователни триумфи. По домашниот пораз од Арсими (0-2), арачиновци успеаја да се консолидираат и да забележат значајни резултати.

Шкендија славеше на тешките гостувања кај Башкими (2-1) и Брегалница (1-0), а во Купот на Македонија беше подобра од Детонит Плачковица со 3-1. Победничката серија продолжи и во минатото првенствено коло, кога пред своите навивачи го совладаа Скопје со минимални 1-0.

„Ова е меч како и секој друг и носи исти вредни три бода. Се наоѓаме во одлична форма со четири победи по ред во Првата Лига и Купот. Го почитуваме противникот сè до почетокот на натпреварот, но на теренот влегуваме без никаков респект, одиме исклучиво на победа за да ја продолжиме позитивната серија и да ги израдуваме нашите верни навивачи“, изјави Демири.

 

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!