ИнтернационалциФудбал

Македонски судии на Медитеранските игри во Италија: Соклевска Илиевски, Цветановиќ, Ристов и Николоски со нови задачи

Сподели
Сподели

Македонски судии ќе делат правда на Медитеранските игри во Италија, каде четворица наши арбитри добија ангажмани на меѓународната сцена.

Како меѓународни асистент-судии правдата ја делат искусната Елена Соклевска Илиевски и Тамара Цветановиќ, додека Ангелчо Ристов е ангажиран како главен судија со статус на национален судија, а Александар Николоски како асистент судија со статус на национален судија, се работи за перспективни судии.

Македонските арбитри веќе имаа свој ангажман на турнирот. Вчера, Мариа Марота од Италија беше главен судија на натпреварот меѓу женските репрезентации до 17 години на Словенија и Мароко, додека Соклевска Илиевски и Цветановиќ беа асистент-судии, а Ристов ја имаше улогата на четврти судија. На овој натпревар Мароко славеше убедливо со 4:0.

Нови предизвици за македонските арбитри следуваат и вечерва.

Од 21:00 часот, на натпреварот меѓу женските репрезентации до 19 години на Италија и Косово, главен судија ќе биде Крешник Ѓапи од Албанија, додека македонските претставнички Елена Соклевска Илиевски и Тамара Цветановиќ ќе бидат негови асистенти. Четврти судија ќе биде Италијанката Мариа Марота.



Во истиот термин, нов ангажман ќе има и Александар Николоски, кој ќе биде асистент-судија на дуелот меѓу женските селекции до 19 години на Португалија и Мароко.

Присуството на четворицата македонски арбитри на Медитеранските игри е уште едно значајно признание за македонското судење и доказ дека нашите судии добиваат доверба и на големи меѓународни натпреварувања.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

БХС Груп Саждево го освои „Алмир Ибески Алмо 2026“ во Дебреште по пенал-драма со Пилана Жарко

Заврши Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се одржа во прилепското село Дебреште, а победничкиот трофеј го освои екипата на БХС...

Ракомет

Прилеп го совлада Тиквеш и го освои турнирот „Миле Нешкоски“

Ракометари на Прилеп го совладаа Тиквеш со резултат од 36:29 и го освоија меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“. Во атрактивен натпревар со неизвесности прилепскиот...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Ораовица вечерва во знакот на женскиот фудбал: Околу 40 девојки играа под рефлектори

Во село Ораовица, Радовишко, вечерва успешно се одржа спортскиот настан посветен на...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: ЖФК Вардар – ЖФК Истатов

Следете го во живо натпреварот од првото коло меѓу Вардар и Истатов...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Дебитантот Менада се засили со Марија Колевска и Ивана Димовска

Дебитантот во Втората женска фудбалска лига, ЖФК Менада од Тетово се засили...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!