Ракомет

Адама Кеита со големи амбиции: „Јас веќе имам зацртано титула како цел за оваа сезона!“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Едно од најзвучните засилувања на ГРК Охрид оваа сезона- Французинот Адама Кеита потпиша за Охрид за сезоната 2026/2027, со можност за продолжување на соработката и за 2027/2028 година. 28-годишниот левокрилен ракометар, висок 186 сантиметри, во новата сезона ќе ја носи деветката на сино-белите.

Кеита во Охрид пристигнува од АЕК од Грција, а претходно цели осум сезони го носеше дресот на големиот ПСЖ, со кој освои голем број трофеи. Французинот има настапи за сите младински категории на националниот тим на Франција, а во 2017 година се закити и со бронзен медал од Светското јуниорско првенство.

ФОТО: ГРК Охрид

По првите натпревари во дресот на Охрид, Кеита е задоволен од начинот на кој е прифатен во новата средина. Французинот истакнува дека има одличен однос со соиграчите, додека тренерот Борис Ројевиќ му помага полесно да се вклопи во новиот проект. Иако тимот е сè уште во фаза на воигрување, Кеита верува дека работите наскоро ќе дојдат на свое место.

Во ексклузивен разговор за „Спортска Мрежа“, Кеита ги сподели првите впечатоци од Охрид и откри како се чувствува во новата средина:

„Навистина ми е многу добро тука, во Охрид. Има многу добра атмосфера и услови за работа и навистина сум среќен што сум тука. Моите соиграчи се одлични, имаме многу добар однос и позитивна атмосфера во тимот. Исто така, тренерот прави сè за да се вклопам во овој проект, па навистина сум задоволен и среќен. Ова се нашите први натпревари заедно и секако ни треба време сите да се вклопиме во играта, но за кратко мислам дека сè ќе си дојде на свое место и сè ќе биде како што треба. Се надевам дека ќе имаме многу успеси оваа сезона.“

ФОТО: ГРК Охрид

Кеита во Охрид доаѓа по сезона во која клубот го оствари најголемиот европски успех во својата историја, а освоениот трофеј во ЕХФ Купот за него претставува дополнителен мотив. Искусниот Французин не крие дека амбициите и оваа сезона се највисоки и дека сака со новиот тим повторно да се бори за трофеи. Иако е свесен дека патот до успехот е долг и бара многу работа, Кеита уште од стартот има јасно поставена цел.

„Историскиот успех на ГРК Охрид од минатата сезона, освојувајќи го трофејот во ЕХФ Купот, е дополнителна мотивација за мене лично, како нов играч, бидејќи сега сакаме да го повториме истото од минатата сезона, во најмала рака. Сакаме да играме на највисоко ниво и да освојуваме титули и оваа година. Меѓутоа, сезоната е навистина долга, треба многу да работиме заедно, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите, но сепак, јас веќе имам зацртано барем една титула како цел.“- изјави Кеита за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Со искуство од највисоко европско ниво и богата трофејна биографија зад себе, Кеита во Охрид пристигна со јасна визија. Сега останува амбициите да ги претвори во резултати, а сино-белите и во новата сезона да продолжат по победничкиот пат.

ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера организираа прекрасен спортски настан посветен на најмладите, на кој учествуваа околу...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната круна, подготвува голема трансфер „бомба“ за новата сезона 2026/2027, која ќе...

Поврзани написи
Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!