Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Одбојкарките до 20 години со пораз од Романија ги отворија БВА квалификациите

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија до 20 години со пораз ги започна БВА зонските квалификации за Европското првенство 2027, откако во Мостар загуби од Романија со 0:3 (17:25, 20:25, 16:25) во рамките на групата А.

Македонија имаше одличен почеток на натпреварот и беше израмнета со Романија до 9:9. Сепак, следуваше серија од 0:5 за противникот, кој со подобар сервис и благодарение на неколкуте технички грешки и проблемите во приемот на македонските одбојкарки стигна до 13:20, а потоа и до освојување на првиот сет со 17:25.

Во вториот сет Македонија повторно имаше негатива на почетокот (4:7), но во продолжението одигра многу подобро. Со серија стигна до 13:13, а потоа успеа и да поведе со 18:17. Романија, сепак, повторно го подигна нивото на игра, особено на сервис, и со 20:25 го освои и вториот сет за водство од 0:2.

Во третиот сет Романките ја презедоа иницијативата, но Македонија не се предаваше и успеваше да остане во игра при 10:13 и 14:16. Во завршницата противникот беше посигурен и со 16:25 стигна до конечни 0:3.

Македонија денес ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите, а противник ќе биде Белорусија. Дуелот е закажан за 14:30 часот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски бек Михаил Стојанов. Стојанов е висок 185 сантиметри, а во изминатите...

Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) против ФК Скопје ќе претрпи промена на...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски го одреди составот на Македонија до 20 години за Медитеранските игри во Таранто

Македонската репрезентација до 20 години ќе биде дел од Медитеранските игри „Таранто...

РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

ФФМ и ВИА ФАРМ со ново партнерство за медицинска поддршка на репрезентациите

Фудбалската федерација на Македонија и аптеките ВИА ФАРМ официјално започнаа соработка преку...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Успешно ЕП до 16 години, Македонија доби високи оценки од FIBA Europe!

Уште едно европско кошаркарско првенство успешно заврши во Македонија, оставајќи зад себе...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Јован Шапе: Засега подготовките течат одлично

По десетдневниот период посветен на интензивна физичка подготовка, машката репрезентација на Македонија...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!