Кошарка

КК Пелистер стартуваше со подготовките за новата сезоната

Сподели
ФОТО: КК Пелистер
Сподели

Кошаркарскиот клуб Пелистер ги стартуваше подготовките за новата натпреварувачка сезона 2026/27, во која битолскиот тим влегува со изменета структура и нова визија за развој.

Екипата во новата сезона ќе ја предводи искусниот тренер Тане Спасев, кој се обврза на едногодишна соработка со клубот. Негов прв асистент ќе биде Владимир Николовски, со што Пелистер го задржува континуитетот во стручната работа.

ФОТО: КК Пелистер

На првиот собир беа присутни сите нови засилувања, освен американските кошаркари, кои во Битола се очекува да пристигнат од понеделник. Во почетната фаза од подготовките тимот ќе работи со домашни спаринг-партнери, а ќе има и настап на Меморијалниот турнир „Зоран Петковски – Петкото“.

Турнирот ќе се одржи на 16 и 17 септември во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, како дел од подготовките за новата сезона.

ФОТО: КК Пелистер

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Башкими и Брегалница убедливи за следна фаза, Охрид, Кожуф и Детонит Плачковица елиминирани

Прволигашот Башкими лесно обезбеди пласман во осминафиналето од Купот на Македонија, откако со високи 0:5 славеше над БВК Коњаре во Петровец. Бурим Алиев...

Ракомет

Томовски блеска на стартот од сезоната: Македонецот е втор голман во Бундес лигата!

Мартин Томовски има одличен почеток на сезоната во Бундес лигата и по првите три кола се наоѓа веднаш зад лидерот според бројот на...

Поврзани написи
Кошарка

КК Гостивар се засили со Таулант Ибраими – Љанти

КК Гостивар продолжува да го гради тимот за новата сезона, а клубот...

Кошарка

Димитриев: Со максимална работа и фокус можеме до успешна сезона

Кошаркарот на КК Пелистер, Благој Димитриев, верува дека новиот состав има потенцијал...

Кошарка

Гевгеличанецот Александар Колев ново име во ростерот на КК Кожув

КК Кожув Гевгелија продолжува со комплетирањето на ростерот за новата сезона, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!