Ракомет

ФОТО: Охрид со моќно второ полувреме до нова победа – „гладијаторите“ на чекор до финале на „Крсте Андоновски“

Сподели
Сподели



ГРК Охрид продолжува со одличниот настап на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во рамки на групата А ја совлада Војводина со убедливи 30-19 и стигна до вториот триумф на турнирот.

Охриѓани одиграа одличен натпревар, особено во второто полувреме, кога целосно го презедоа контролата врз случувањата на теренот и направија двоцифрена разлика. Воедно, ова беше и прва победа за „гладијаторите“ во новоформираната Регионална лига.

Во првото полувреме Војводина успеваше да му парира на домашниот состав. Охрид имаше контрола врз резултатот, но гостите не дозволуваа сериозно одлепување. Во финишот избраниците на Борис Ројевиќ го подигнаа ритамот и стигнаа до предност од 12-8, а со голот на Дарко Ѓукиќ од слободен удар по истекот на времето, на пауза заминаа со комотни пет гола предност.

На стартот на вториот дел домашниот тим стави точка на сите дилеми. Охрид направи серија и за кратко време ја зголеми предноста на осум гола (18-10), а Војводина веќе немаше одговор на играта на „гладијаторите“.

Во продолжението охриѓани рутински го контролираа резултатот, а тренерот Ројевиќ им даде можност на поголем дел од ракометарите да добијат минутажа. Особено се истакна голманот Дино Славиќ, кој имаше одлична партија со 17 интервенции.

Во нападот најефикасни беа Мате и Иванковиќ со по пет погодоци, додека домашната одбрана во вториот дел беше клучот за убедливиот триумф.

Со новите два бода Охрид стигна до вкупно четири во групата А, колку што има и Загреб. Токму против хрватскиот тим охриѓани ќе го одиграат следниот меч, кој ќе биде директна битка за првото место и пласман во финалето на турнирот.



Охрид утре ќе биде слободен, додека Војводина во петок ќе се соочи со У20 селекцијата на Египет.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!