Трета лигаФудбал

Паунов: Амбициите на Каменица Саса се јасни – враќање во Втора лига, атмосферата е одлична!

Сподели
Сподели

Искусниот Драган Паунов по вторпат во кариерата ќе го носи дресот на Каменица Саса, а главната цел на двете страни во новата сезона ќе биде експресно враќање во елитата.

Паунов во Каменица Саса доаѓа од второлигашот Осогово од Кочани, неговото искуство ќе биде клучно во остварувањето на амбициите на тимот од малото рударско гратче.

35-годишниот фудбалер ја имаше првата изјава за Спортска Мрежа, каде вели дека атмосферата е одлична, има одлична хемија и другарство, надополнува дека нивната цела е враќање во Втора лига, а како најсериозен конкурент го гледа Овче Поле, иако нагласи дека има и други сериозни екипи.

„Да, Овче Поле е најсериозниот наш кандидат за првото место, но секако има и други екипи кои се сериозни. Атмосферата е одлична има хемија, другарство, се очекуваат уште засилување и со тоа мислам дека ќе го имаме потребниот квалитет. Јас се враќам по вторпат во Каменица Саса и доаѓам во добро позната средина. Амбициите на Каменица Саса се враќање во Втора лига. Јас со моето долгогодишно искуство и знаење сум тука да придонесам за остварување на амбициите на клубот“, изјави Паунов во ексклузивна изјава за Спортска Мрежа.

Како што и претходно објави Спортска Мрежа ростерот на Каменица Саса не е затворен и се водат преговори за уште неколку искусни засилување, за што потврдува и самиот Паунов.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот на клубот го задолжи искусниот 40-годишен Дејан Блажевски. Поранешниот македонски репрезентативец...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Четворица дебитанти во составот на Македонија за ЕП 2026

Четворица дебитанти ќе го освежат добро познатиот список на селекторот Јошко Миленкоски за настапот на Македонија на Европското првенство 2026. Техничарот Давид Стојанов,...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Поранешниот репрезентативец Дејан Блажевски го засили Њу Старс

Њу Старс од Скопје доби сериозно засилување за новата сезона, откако дресот...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф се засили со младиот Благој Стојчев

Второлигашот Кожуф од Гевгелија се засили со младиот Благој Стојчев, кој доаѓа...

Втора лигаФудбал

Пелистер сигурен против Работнички, Брера славеше над Македонија ЃП

Со два дуели на лански прволигаши се затвори четвртото коло на Втората...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!