Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Сподели
Сподели

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот старт со три порази од толку натпревари во кумановскиот прволигаш пристигнаа младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили.

20-годишниот Ристовски доаѓа од редовите на радовишкиот второлигаш Детонит Плачковица, а низ неговата кариера настапуваше и за Борец и младинскиот тим на Работнички, а меѓународна кариера градеше во младинскиот тим на бугарска СЦКА Софија.

Ристовски веќе настапи во дресот на Башкими на мечот против Арсими кој заврши со пораз за тимот од Куманово со минимални 1:0.

Исмаили, кој има 28 години во Башкими доаѓа од косовски Динамо, а таму настапуваше и за Вуштрија и Приштина е Ре, во македонскиот фудбал ги носеше дресови на Воска Спорт, Работнички, Шкупи и Гостивар.

Се очекува Исмаили да биде вистинско освежување во тимот на Шабан Сулејмани.

Веќе в петок тимот на Башкими ќе бара прв позитивен резултат против Брегалница во Штип.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!