Ракомет

Блажески: „Ни следи тежок натпревар, треба добро да се подготвиме!”

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Бранителот на трофејот на турнирот „Крсте Андоновски“, Охрид, со победа го започна настапот на петтото издание на турнирот. Избраниците на Борис Ројевиќ со 31-27 славеа над младата репрезентација на Египет, во натпревар во кој стратегот на охриѓани им даде шанса на поголем дел од ракометарите.

По натпреварот, голманот Бојан Блажески истакна дека заморот од претходните натпревари во Струга бил забележлив, но најважно било што екипата стигнала до победата. Воедно, тој посочи дека големата ротација им овозможила на сите ракометари да добијат минутажа.

„Беше тежок натпревар, во кој, мислам дека малку заморот дојде до израз, поради натпреварите што ги имавме во Струга, меѓутоа на крајот успеавме да оствариме победа. Имаше доста ротација во екипата, сите играчи добија минутажа.“

ФОТО: ГРК Охрид

По победничкиот старт, Охрид веќе го очекува далеку посериозен предизвик. Блажески потенцира дека утрешниот дуел со Војводина ќе има двојно значење, бидејќи исходот ќе биде важен и за турнирот „Крсте Андоновски“ и за Регионалната лига. Затоа, охриѓани ќе мораат добро да се одморат, да го анализираат противникот и максимално да се подготват за натпреварот.

„Сега ни следи еден многу тежок натпревар со екипата на Војводина, кој има две значења- резултатот е важен како за турнирот, така и за Регионалната лига..така што сега треба да се одмориме , да анализираме и да се подготвиме за утрешниот меч.“- изјави Блажески за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Охрид со победата над Египет направи важен чекор кон успешен настап пред домашната публика, но вистинскиот тест следи веќе утре. Против Војводина ќе се бара нова победа, овојпат со дополнителен влог поради бодовите во Регионалната лига.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!